Западно Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с fixing dead links
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
Во текот на II век п.н.е. [[римска република|Републиката]] станала доминантна сила на [[Средоземје]]то, која постепено се ширела во поглед на државните територии и политичкото влијание, и кон [[хеленистичка култура|хеленистичкиот]] Исток и кон “варварскиот“ Запад. На Истокот, каде што [[грчки јазик|грчкиот јазик]] веќе бил јазик на политичката и културната елита, [[Римјани]]те вовеле нов систем на државна организација. И покрај тоа, културите и традициите на древните народи од Истокот, како што биле [[Египќани]]те, [[Еврeи]]те, [[Сиријци]]те и [[Грци]]те, нивниот начин на живот изграден околу градските населби, просперитетот на трговијата и занаетчиството и другите богатства, опстанале, само што сега биле вклопени во римските државни рамки. По уништувањето на [[Картагина]] во 146 г. п.н.е. на западното [[Средоземје]] веќе немало поголеми и поорганизирани држави кои можеле да бидат на исто рамниште со Римската. Иако тоа не била првобитната намера, римските освојувања на [[Хиспанија]], [[Галија]] и [[Британија]], како и на африканските провинции, со текот на времето им ја донеле средоземната цивилизација и нејзините навики, како градскиот начин на живеење, градителските и техничките достигнувања и културата на пишуваниот збор. Иако и на запад постоеле грчки и [[Феникија|феникиски]] колонии, културата на западниот дел на Римското царство останала латинска. Исто така, [[Римјани]]те со текот на времето во својот систем ја инкорпорирале политичката елита на Западот, така што, за разлика од [[хеленистичка култура|хеленистичкиот]] Исток, на Западот можеле да се најдат аристократски земјопоседнички фамилии.
[[Податотека:Hadrians Wall map mk.svg|мини|десно|'''Адријановиот ѕид''' претставувал постојана бариера кон варварите во Каледонија ([[Шкотска]]). Ѕидот што го подигнал наследникот на [[Адријан]], [[Антонин Пиј]] помеѓу 142 и 144 г. бил напуштен веќе во 164 г.]]
Разликите помеѓу Истокот и Западот многу ретко се истакнувале, понекогаш и поради политичка пропаганда, на пример, за време на граѓанската војна помеѓу [[Октавијан]] и [[Марко Антониј]]<ref>[http://www.unrv.com/fall-republic/war-octavian-antony.php War between Antony and Octavian] UNRV History</ref>. Кога Октавијан пропаднатата [[Римска република|република]] ја претворил во монархија, т.е. во [[Римска империја]] 30 г. п.н.е., почнало конечното обликување на Западот. За време на долгото владеење на првиот римски цар [[Октавијан Август]] (30 г. п.н.е. - 14 г. н.е.) римските легии го завршиле освојувањето на [[Пиринејскиот полуостровПолуостров]], и конечно [[Гали|Галските]] територии биле организирани како провинции. Римскиот обид да се прошират границите на исток се до реката [[Лаба]] не успеал поради постојаниот отпор на германските племиња, така што [[Октавијан Август]] на крајот одлучил Империјата на запад се потпре на природната граница на реката [[Рајна]]. Сепак, наследниците на август не се придржувале на неговиот завет, така што [[Клавдиј]] во 43 г. почнал со освојувањето на [[Британија]], а во 44 г. го приспоил дотогашното Царство [[Мавританија]]. Иако во втората половина на I век, [[Римјани]]те редовно упаѓале на територијата на денешна [[Шкотска]], постојаната граница била утврдена со [[Адријан]]овиот ѕид помеѓу вливот на реката [[Тајн]] на исток и заливот [[Солвеј]] на запад. Римското освојување на Западот го завршил [[Веспазијан]] (69-79 г.), кој го зазел [[Агри Декуматес]] (Agri Decumates), просторот помеѓу [[Мајна]] и извориштето на [[Дунав]]<ref>[http://www.britannica.com/EBchecked/topic/9510/Agri-Decumates ancient region, Germany, Encyclopædia Britannica] ([[англиски јазик|анг.]])</ref>.
 
=== Граѓански војни и востанија во I и II век ===
Ред 84:
Додека Визиготите ја пустошеле Италија, а [[Константин III]] владеел со [[Галија]], [[Вандали]]те, [[Алани]]те и [[Свеви]]те во 409 г. ги поминале [[Пиринеи]]те и помеѓу себе ги поделиле провинциите на западот на [[Хиспанија]]. По оваа поделба, која поконечна завршница добила во 411 г. , Вандалите [[Силинзи]] ја зазеле [[Бетика]], [[Алани]]те, кои можеби биле најдоминантната од четирите варварски групи, зазеле две провинции, [[Картагинесис]] и [[Лузитанија]], а Вандалите [[Хаздинзи]] и [[Свеви]] ја зазеле северозападната провинција [[Галеција]].
 
За тоа време, насилно влијание на дворот во [[Равена]] остварил [[Флавиј Констанциј]], наследникот на [[Стилихон]] на местото врховен воен заповедник (magister militum). Бидејќи Готите веќе ја напуштале Италија, тој ја реорганизирал римската војска и прво се свртел против узурпаторот Константин, кој бил убиен во 411 г., а потоа и против извесниот противник на царот [[Јовин]], кој бил поразен во 413 г. Јовин се покажал како особено незгоден бидејќи ја уживал поддршката на Визиготите на [[Атаулф]], кои ја промениле страната благодарејќи на подмитувањата. Најпосле, Констанциј ги присилил Визиготите да се повлечат во јужна Галија каде што Атаулф ги зазел [[Нарбона]] и [[Марсеј]]. Слично како Аларих, Атаулф се обидел да ги натера Хонориј и Констанциј да попуштат така што [[Приск Атал]] повторно го прогласил за римски цар. Покрај тоа, во јануари 414 г. Атаулф, спротивно на желбите на Хонориј, се оженил, според римските обреди, со полусестрата на царот [[Гала Плацидија]]. Констанциј набрзо наредил општа блокада на јужна [[Галија]] така што на Визиготите, кои од 408 г. биле во постојано движење, наскоро им снемало храна. Атаулф се обидел да се снајде така што упаднал на [[Пиринејскиот полуостровПолуостров]], но бил убиен во 415 г. од страна на поддржувачите на [[Сар]] по падот на [[Барсин]] (денешна [[Барселона]]). Кога [[Валиј]] ја зацврстил својата власт над Визиготите, се согласил на условите на Констанциј, што подразбирало повторно прифаќање на статусот на сојузници и враќање на Плацидија во замена за огромен товар житарици.
 
[[Податотека:Solidus Constantius III-RIC 1325.jpg|thumb|left|300px|'''Солид (златник) на [[Констанциј III]]'''. На реверсот се слават победите на царот. Констанциј е прикажан со воено знаме и Викторија (победа) во рацете, како го гази поразениот непријател.]]
Ред 123:
[[Податотека:Solidus Petronius Maximus-RIC 2201.jpg|thumb|300px|'''Златник на [[Петрониј Максимус]]''': царот кој малку владеел е прикажан на реверсот во победнички став кој повеќе ја претставува вообичаената царска иконографија, отколку реалноста.]]
 
Кога вестите за пропаста на Петрониј Максим пристигнале во Галија, Авит се прогласил за цар на дворот на Теодорик во [[Бордо]]. Галските сенатори во [[Арл]], на 9. јули 455 г., го прифатиле [[Авит]] за цар и тој после тоа триумфално тргнал кон Италија, со друштво на визиготските војници. Во страв од Визиготите, двајата највлијателни војсководачи во Италија, [[Мајоријан]] и [[Рицимер]], го прифатиле избраниот варварски крал, а [[Теодорик II]] успеал и во она што не им пошло од рака ниту на Aларих, ниту на Атаулф. Од друга страна, сега Теодорик добил одврзани раце да војува против Свевите во Хиспанија. Визиготите тешко го опустошиле Пиринејскиот полуостровПолуостров и ги потиснале Свевите кон северозападот на Хиспанија. Со тоа Теодорик ја проширил својата влст на западниот дел на Хиспанија. Слично направиле и Бургундите кои ја зазеле долината на [[Рона]] се до [[Лион]], а Гејсерих ја освоил [[Мавританија]], [[Нумидија]] и [[Триполитанија]], како и [[Корзика]], [[Балеарските острови]] и [[Сицилија]]. Авит, кој во Италија бил прикажан како штитеник на Визиготите, не бил признат за цар од страна на источноримскиот двор. Додека Теодорик војувал по Хиспанија, Авит бил убиен во средината на 456 г.
 
[[Рицимер]], кој по татко бил Свев, а по мајка внук на визиготскиот крал [[Валиј]], сега врховен командант на западноримската војска (magister militum), го поддржал својот римски колега [[Мајоријан]], кој на 1. април 457 г., бил прогласен за цар, по подолг период во текот на кој источноримскиот цар [[Лав I]] форлмално бил владетел на обединетото царство. Овојпат, византискиот цар го признал [[Мајоријан]] за совладетел и признавањето го обележал така што Мајоријан, на 28. декември, бил прогласен за цар по втор пат. Изгледа дека главната цел на владеењето на Мајоријан била да ја преземе Африка од Вандалите и заради тоа се обидел да ја обнови римскта власт во јужна Галија и Хиспанија, од каде сакал да тргне во поход против Вандалите. Иако Мајоријан ги натерал Визиготите и Бургундите да попуштат и повторно ги присилил да ги почитуваат сојузничките односи, неговите планови за поход на Африка не се оствариле. Командантот на римската војска во [[Илирик]], [[Марцелин]], летото 461 г. ги избркал Вандалите од [[Сицилија]], а римската флота од околу 300 бродови била разместена по пристаништата на Хиспанија, од [[Нова Картагина]] (денес [[Картагина]]) до [[Илик]] (денес [[Елче]]). Итриот [[Гејсерих]] сепак насетил од кој правец е планиран главниот напад и вандалската флота ги нападнала и ги запалила римските бродови пред да испловат кон Африка. Поразен пред вистинската битка, [[Мајоријан]] тргнал назад во Италија, но на 2. август, на патот бил уапсен од страна на поддржувачите на [[Рицимер]] и бил лишен од царските инсигнии. Мајоријан ја изгуфил поддршката на сенаторите ккои се обидел да ги оданочи за да стекне повеќе средства за своите воени планови. Рицимер го симнал од престолот, токму кога Мајоријан ги распуштил галските одреди, и го убил пет дена подоцна.
Ред 219:
[[Категорија:Поранешни империи]]
[[Категорија:Западна Римска Империја| ]]
[[Категорија:Поранешни земји на Апенинскиот полуостровПолуостров]]