Василиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 70:
 
===Тематско уредување на Балканот===
Со покорувањето на [[Самоилово царство|Самоиловото царство]], [[Источно римско царство|Византија]] одново завладеала со целиот [[Балкан|Балкански Полуостров]], првпат по [[Словени|словенското]] преселување. Станувајќи составен дел на Византиското царство, територијата на бившото Самоилово царство, како и секоја византиска територија, било поделено на [[Тема (управна единица)|теми]]. Нејзиниот централен дел ја образувал големата тематска единица кој била наречена тема [[Бугарија (тема)|Бугарија]]. Средиштето на оваа голема тема, која добила ранг на [[катепанат]], а потоа и ранг на дукат, било во [[Скопје]]. Во [[Бугарија|бугарските]] територии меѓу [[Стара Планина]] и [[Дунав]] била формирана темата [[Паристрион (тема)|Паристрион]] или Пардунавон со центар со [[Силистра|Силистрија]]. Се чини дека и пограничната област на Дунав и [[Сава]] биле претворени во тема со седиште во [[Сремска Митровица|Сирмиум]]. [[Јадранско Море|Јадранскиот]] брег со [[Задар]] на север и [[Дубровник]] на југ ја сочинувал, како и порано темата [[Далмација (тема)|Далмација]]. Напротив, [[Дукља]], [[Захумље]], [[Рашка]] и [[Босна (регион)|Босна]] не биле организирани како теми, туку како и [[Хрватска]], останале под власта на домашните кнезови и според тоа не претставувале провинции, туку вазалски држави на Византиското царство. Областа јужно од [[Скадар]], како и порано, и припаѓала на темата [[Драч (тема)|Драч]], која како главно упориште на Царството на Јадранот, добила ранг на дукат, како што добила и [[Солун (тема)|Солунската тема]], главното византиско упориште на [[Егејско Море|Егејското Море]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 374-377.</ref>
 
===Тематско уредување на Истокот и Италија===
На Истокот на ново освоените територии биле формирани темите [[Антиохија (тема)|Антиохија]], [[Телух (тема)|Телух]], Приеуфратски градови (подоцна [[Едеса (тема)|Едеса]]), [[Мелитина (тема)|Мелитина]], и покрај неа старата тема [[Месопотамија (тема)|Месопотамија]], темата [[Тарон (тема)|Тарон]] и понатаму на исток, пак неодамна освоените и присоединети области [[Васпуркан (тема)|Васпуркан]], [[Иберија (тема)|Иберија]] и [[Теодосиопол (тема)|Теодосиопол]]. Додека старите [[Мала Азија|малоазиски]] теми губеле значење, новите провинции како погранични области добиле голема важност и имале ранг на дукат, како Антиохија, подоцна и Месопотамија, или ранг на катепанат, како Едеса и ерменско-ибериските теми.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 378.</ref>
 
Пред својата смрт неуморниот цар ги свртел своите погледи кон Запад. Позицијата на [[Источно римско царство|Византија]] во јужна [[Италија]], која во времето на [[Отон I (Свето римско царство)|Отон I]] се чинела загрозена од [[Свето римско царство|германските]] надоаѓања, се зацврстила по несреќното војување на [[Отон II (Свето римско царство)|Отон II]] со Арабјаните. Под [[Отон III (Свето римско царство)|Отон III]], синот на византиската принцеза Теофана, зајакнало византиското влијание во Германското царство. Заради поефикасна одбрана, целиот византиски посед во Италија бил организиран како катепанат, и храбриот [[катепан]] Василиј Војоан отпочнал успешно војување со околните сили.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 378.</ref>
 
===Статус на охридската црква===