Никифор I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
Но, Никифор ги придобил вторите двајца и со поттикнување бунтовниците да се разделат успеал да го зароби Барданес, кој бил ослепен и пратен во [[манастир]]. Заговорот предводен од патрицијот Арсабер имал сличен тек.
 
Никифор започнал општа реорганизација на Царството, создавајќи нови [[Тема (византиска административнауправна единица)|теми]] на [[Балкан]]от (каде започнал повторна хеленизација со населување [[Грци]] од [[Анадолија]]) и засилување на границите. Потребата од големи суми за зголемување на воената сила, посветил голема енергија за зголемување на приходите на Царството. Со неговите силни даночни такси одземал имот во корист на државата и особено на свештенството, кого инаку го контролирал умерено. Иако назначил патријарх кој ги почитувал иконите, [[Никифор I Цариградски|Никифор]], царот Никифор бил претставен како зло од верските историчари како [[Теофан Исповедникот]].
 
Во 803 година, Никифор склучил договор, наречен „Никифорски мир“, со [[Карло Велики]], но одбил да го признае неговиот царски дигнитет. Врските се влошиле и довеле до војна за [[Венеција]] во периодот 806–810. Во текот на војната, Никифор поттикнал венецијанско бунтовништво во 807 година, но имал големи загуби од Франките. Конфликтот бил разрешен по смртта на Никифор, а Венеција, [[Истра]], [[Далмација|далматинскиот]] брег и [[Јужна Италија]] биле доделени на Истокот, додека [[Рим]], [[Равена]] и [[Пентаполис]] биле доделени на Западот.