Битка кај Плиска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 24:
 
Бугарскиот хан се прославил како победник над византискиот император. Битката претставувала спектакуларна воена и политичка победа, бидејќи Никифор I бил вториот византиски император, по [[Валенс]] 400 години порано, во целата десетвековна византиска историја, еден император да биде убиен во битка. Последниот император Константин XI исто така загинал од непријателското оружје, но тоа се случило при падот на главниот град Константинопол во 1453 година, кога судбината на некогашната империја веќе била решена.
 
Според летописот, кога била отсечена главата на Никифор, Крум го исчистил неговиот череп и со гордост наздравувал со него кога пиел со неговите советници.
 
Поразот на Византија во битката кај Плиска имало големи последици. Угледот на византискиот император бил намален а за имеријата следувале тешки години. По славната победа на Крум, Бугарската империја започнала да има голема улога во југоисточниот дел на Европа.