Битка кај Плиска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 19:
Во теснините на Врбишкиот превој се случило страшно колење. Рано наутро, Бугарите се нафрлиле врз шаторот на Никифор, каде што тој бил убиен. Во нападот освен императорот загинале многу истакнати големци и војводи, како патрициј Теодосиј Саливара, стратегот на источните војски патрициј Роман и стратегот на Тракија. Многу офицери и безброј многу војници загинале во планинските теснини. Летописецот Теофан забележил: "Целата христијанска убавина загина!". Ставракиј, синот на Никифор, тешко ранет во грбот, успеал да избега жив и во големи страдања пристигнал во Адријанопол (Едрене). По неколку недели починал во Константинопол.
 
Поразот на император Никифор во Врбишкиот превој на 26 јули 811 година ја избавило Бугарија од страшна опасност. Бугарите успеале да ја зацврстатрзацврстат својата територија на запад, заедно со Сердика и се обезбедиле од идни напади од страна на Византија.
 
== Последици==
 
Бугарскиот хан се прославил како победник над византискиот император. Битката претставувала спектакуларна воена и политичка победа, бидејќи Никифор I бил вториот византиски император, по [[Валенс]] 400 години порано, во целата десетвековна византиска историја, еден император да биде убиен во битка. Последниот император Константин XI исто така загинал од непријателското оружје, но тоа се случило при падот на главниот град Константинопол во 1453 година, кога судбината на некогашната империја веќе била решена.