Битка кај Плиска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Битката кај Плиска''' се одвила на [[26 јули]] [[811]] година во близина на [[Плиска]], денешна [[Бугарија]], помеѓу силите на [[Византиската империја]] и силите на [[Прво бугарско царство|Бугарија]]. Битката е дел од [[Византиско-бугарски војни|Византиско-бугарските војни]], а завршила со победа на [[Бугари]]те и убиство на византискиот император [[Никифор I]].
 
== Позадина==
 
Во периодот 808-809 година хан Крум го поддржал бунтот на Бугарите во долината на реката Струма, приклучувајќи им ги земјите кон својата држава. Во 809 година бугарските војски предводени од хан Крум, [[Опсада на Сердика (809)|ја зазеле]] византиската [[Сердика (тврдина)|тврдина Сердика]]. Одговорот на византискиот император не задоцнил кога во почетокот на 811 година Никифор I Геник организирал воен поход кон Плиска, главниот град на бугарските ханови.