Мануил I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 23:
|place of burial =
|}}
'''Мануил I Комнeн''' ([[грчки јазик|грчки]]: Μανουήλ Α' Κομνηνός, 28 ноември 1118 - 24 септември 1180) бил [[Источно римско царство|византиски]] [[Византиски цареви|император]] од династијата [[Комнини]] кој владеел од 1143 до 1180 година. За време на своето владеење, како и [[Јустинијан I]] се обидел да ги освои деловите на бившото [[Западно римско царство]].<ref name="N112-113">J. Norwich, ''Byzantium: The Decline and Fall'', 112-113</ref>
 
Желен да го обнови неговото Царство на неговата мината слава како супермоќ во [[Средоземно Море|Средоземниот]] свет, Мануил водел енергична и амбициозна надворешна политика. Во тој процес тој направил сојуз со [[Папа]]та [[Папа Адријан IV|Адријан IV]] и заживеаниот Запад, го нападнал [[Нормани|норманското]] [[Кралство Сицилија]], иако неуспешно, умешно го раководел преминот на крстоносците од [[Втора крстоносна војна|Втората крстоносна војна]] низ неговото Царство, и воспоставил византиски протекторат над прекуморските [[крстоносни држави]]. Соочувајќи се со [[Муслимани|муслиманските]] напредувања во [[Света земја|Светата земја]], тој имал заедничка цел со [[Ерусалимско кралство|Кралството Ерусалим]] и учествувал во заедничката инвазија на [[Фатимидски калифат|Фатимидскиот]] [[Египет]]. Мануил ја преобликувал политичката карта на [[Балкан]]от и источното Средоземје, ставајќи ги [[Кралство Унгарија|Унгарија]] и крстоносните држави под византиска хегемонија и вршел агресивни кампањи против неговите соседи на запад и исток. Сепак, кон крајот на неговото владеење достигнувањата на Мануил на истокот биле загрозени поради сериозниот пораз во [[Битка кај Мириокефалон|битката кај Мириокефалон]], која во голем дел резултирала поради неговата арогантност кога ги нападнал добро бранетите [[Румски султанат|селџучки]] позиции. Иако Византијците се повратиле кај [[Битка кај Хиелион и Лемошеир|битката кај Хиелион и Лемошеир]] и Мануил склучил поволен мир со султанот [[Килиџ Арслан II]], Мириокефалон се покажал како конечниот, неуспешен обид на Царството да ја поврати внатрешноста на [[Анадолија]] од [[Селџуци|Турците]].