Мануил I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 71:
 
===Последните години од владеењето===
И покрај сите успеси спрема [[Крстоносни држави|латинските држави]] на Исток и спрема [[Кралство Унгарија|Унгарија]] осаменоста на [[Источно римско царство|Византија]] се повеќе се манифестирала и кон крајот на седумдесеттите години позициите на Мануил биле разнишани на сите страни. Надежите за соработка со [[Папска држава|Рим]] се изјаловиле. Дури куријалната странка секаде - во [[Венецијанска република|Венеција]], [[Кралство Унгарија|Унгарија]], [[Хрватска (регион)|Хрватска]] и [[Далмација]] - работела против византискиот цар, а сите преговори за црковна унија пропаѓале заради неискоренливата омраза меѓу [[Цариградска патријаршија|Грците]] и [[Папска држава|Латините]]. [[Никита Хонијат]] го изразувал општото чувство на [[Ромеи|Византијците]] кога вели: „Проклетите Латини се желни за нашето богатство и сакаат да го уништат нашиот род... Меѓу нас и нив постои длабока омраза, ние не можеме со нив да се зближиме и во се се разликуваме“. Неуморен во изнаоѓањето нови патишта и начини, Мануил против [[Фридрих I Барбароса|Фридрих Барбароса]], својот главен противник, го поддржувал [[Ломбардиски сојуз|Сојузот на ломбардиските градови]], но ова оружје му било одземено со договорот во [[Венеција]] ([[1177]]г.) кој ја окончал војната на Фридрих со Ломбардискиот сојуз и овозможил негово помирување со [[папа]]та. Потоа исчезнала и последната надеж на Мануил во поддршката на Рим против германскиот [[Цар на Светото римско царство|цар]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 467468.</ref>
 
Како што Мануил се обидувал да ја исползува секоја сила со која Фридрих Барбароса доаѓал во судир, така и Барбароса одржувал врски со сите непријатели на византискиот цар. Уште во [[1173]]г. тој стапил во врска со [[Румски султанат|иконискиот]] султан [[Килиџ Арслан II|Килиџ Арслан]]. Доминантната положба којашто ја стекнал Мануил спрема латинските држави во предна [[Азија]] ги засилила и неговите позиции спрема Иконискиот султанат. Вештото ползување на антагонизмот меѓу [[Селџуци|селџучките]] поглавари и извесните воени успеси во [[Мала Азија]] уште повеќе ја зголемиле неговата надмоќ. Во [[1162]]г. Килиџ Арслан поминал три месеци во [[Цариград]] и се обврзал со договор дека на византискиот цар ќе му испрати помошни трупи и дека ќе му врати повеќе малоазиски градови. Меѓутоа, овие ветувања останале неисполнети, и додека Мануил бил зафатен на Запад и во Унгарија, Килиџ Арслан успеал да ги консолидира своите сили. Охрабрен од поддршката на германскиот цар тој заземал се поагресивен став спрема Византија, и во [[1175]]г. дошло до раскин. Следната година Мануил со голема војска тргнал против Иконискиот султанат. Меѓутоа, во [[Фригија|фригиските]] клисури кај [[Мариокефалон]] на 17 септември 1176г. му се случила страотна [[Битка кај Мариокефалон|катастрофа]]. Турците ја опколиле и ја уништиле неговата војска. Самиот Мануил овој пораз го споредил со катастрофата којашто Византија ја доживеала пред 105 годин кај [[Битка кај Манцикерт (1071)|Манцикерт]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 468-469.</ref>
 
Овој удар бил дотолку потежок што дошол во времето кога и на Запад византиската политика била во ќорсокак. Колку длабоко бил разнишан угледот на византискиот цар покажува и писмото коешто Фридрих Барбароса му го упатил на Мануил по мариокефалонската битка. Во него Фридрих, како "[[римски цар]]", го повикувал „грчкиот крал Мануил“ да му ја укаже должната послушност.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 469-470.</ref>
 
==Воени походи==