Мануил I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 69:
===Односот со италијанските градови-држави===
Како што [[Источно римско царство|византискиот]] напад на [[Анкона]] ја довел во прашање соработката на Византија и [[Венецијанска република|Венецијанците]] против [[Кралство Сицилија|Норманите]], така и анексијата на [[Далмација]] довела до прекин на византиско-венецијанската соработка против [[Кралство Унгарија|Унгарија]]. Од друга страна, привилегираната положба на венецијанските трговци во Византиското царство тешко го погодувала [[Ромеи|византиското население]]. Мануил ја засилил врската со другите [[Италија|италијански]] приморски градови и склучил договор со [[Република Џенова|Џенова]] ([[1169]]г.) и со [[Република Пиза|Пиза]] ([[1170]]г.). Односите со Венецијанците се влошувале се повеќе и во [[1171]]г. избил остар судир. Сите Венецијанци во Византиското царство биле уапсени а нивните бродови запленети. Венецијанската против-акција не изостанала. Силна венецијанска флота впловила во византиските води и ги окупирала [[Хиос]] и [[Лезбос]]. Потоа долго се преговарало без конкретни резултати. Односите меѓу Византија и Венецијанците останале прекинате во наредните десетина години.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 467.</ref>
 
===Последните години од владеењето===
И покрај сите успеси спрема [[Крстоносни држави|латинските држави]] на Исток и спрема [[Кралство Унгарија|Унгарија]] осаменоста на [[Источно римско царство|Византија]] се повеќе се манифестирала и кон крајот на седумдесеттите години позициите на Мануил биле разнишани на сите страни. Надежите за соработка со [[Папска држава|Рим]] се изјаловиле. Дури куријалната странка секаде - во [[Венецијанска република|Венеција]], Унгарија, [[Хрватска (регион)|Хрватска]] и [[Далмација]] - работела против византискиот цар, а сите преговори за црковна унија пропаѓале заради неискоренливата омраза меѓу [[Цариградска патријаршија|Грците]] и [[Папска држава|Латините]]. [[Никита Хонијат]] го изразувал општото чувство на [[Ромеи|Византијците]] кога вели: „Проклетите Латини се желни за нашето богатство и сакаат да го уништат нашиот род... Меѓу нас и нив постои длабока омраза, ние не можеме со нив да се зближиме и во се се разликуваме“. Неуморен во изнаоѓањето нови патишта и начини, Мануил против [[Фридрих I Барбароса|Фридрих Барбароса]], својот главен противник, го поддржувал [[Ломбардиски сојуз|Сојузот на ломбардиските градови]], но ова оружје му било одземено со договорот во [[Венеција]] ([[1177]]г.) кој ја окончал војната на Фридрих со Ломбардискиот сојуз и овозможил негово помирување со [[папа]]та. Потоа исчезнала и последната надеж на Мануил во поддршката на Рим против германскиот [[Цар на Светото римско царство|цар]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 467.</ref>
 
==Воени походи==