Мануил I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 66:
===Рашка===
Паралено со војните во [[Кралство Унгарија|Унгарија]], се воделе борби со [[Рашка|Србите]], коишто во борбата за ослободување од [[Источно римско царство|византиската]] власт се потпирале на соседна Унгарија. Востанијата на [[Срби]]те зачестиле, за Византија - Рашка станала легло на постојани немири. Навистина, Мануил секојпат успевал да ги задуши тие востанија, но тој не можел да ги прекине без оглед на тоа што често ги менувал неверните жупани на Рашка. Во [[1166]]г. за голем жупан бил поставен [[Стефан Немања]], но и тој наскоро се одметнал од византискиот цар. Меѓутоа, големите успеси на Мануил спрема Унгарија ја измениле ситуацијата, и резултирале со одземање на унгарската поддршка на Србите. Сојузот со [[Венецијанска република|Венецијанците]] се покажал недоволно ефикасен и кога царот во [[1172]]г. влегол во Рашка со силна војска, Немања се откажал од отпорот кој станал безнадежен. Морал да ја потврди својата покорност според ритуалот којшто бил применет уште при потчинувањето на [[Рајнолд Шатилонски|Рајнолд Антиохиски]] и при свеченото враќање на царот во [[Цариград]] да чекори во неговата триумфална поворка. Победата над непокорната словенска земја и над нејзиниот голем жупан била славена во патетичните говори на дворските ретори и прикажувана на [[Фреска|фрески]] во [[Влахерна (палата)|царскиот двор]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 466-467.</ref>
 
===Односот со италијанските градови-држави===
Како што [[Источно римско царство|византискиот]] напад на [[Анкона]] ја довел во прашање соработката на Византија и [[Венецијанска република|Венецијанците]] против [[Кралство Сицилија|Норманите]], така и анексијата на [[Далмација]] довела до прекин на византиско-венецијанската соработка против [[Кралство Унгарија|Унгарија]]. Од друга страна, привилегираната положба на венецијанските трговци во Византиското царство тешко го погодувала [[Ромеи|византиското население]]. Мануил ја засилил врската со другите [[Италија|италијански]] приморски градови и склучил договор со [[Република Џенова|Џенова]] ([[1169]]г.) и со [[Република Пиза|Пиза]] ([[1170]]г.). Односите со Венецијанците се влошувале се повеќе и во [[1171]]г. избил остар судир. Сите Венецијанци во Византиското царство биле уапсени а нивните бродови запленети. Венецијанската против-акција не изостанала. Силна венецијанска флота впловила во византиските води и ги окупирала [[Хиос]] и [[Лезбос]]. Потоа долго се преговарало без конкретни резултати. Односите меѓу Византија и Венецијанците останале прекинате во наредните десетина години.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 467.</ref>
 
==Воени походи==