Мануил I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 50:
 
Мануел успеал да ја зацврсти својата позиција на [[Балкан]]от. На унгарска граница привремено завладеал мир. Киевскиот престол го зазел византискиот сојузник Јуриј Долгоракиот. Во [[1154]]г. умрел и стариот непријател на Византијците Рожер II. Тоа биле поволни предуслови за поголема акција на Запад и Мануил решил да преземе офанзива во Италија, со германскиот цар или без него, ако трева и против него. Во [[1155]]г. тој испратил флота во [[Анкона]] и оттука започнала големата византиска офанзива. Со мала војска, со помошта на норманските вазали, кои царот успеал да ги придобие за себе, во најкусо време биле запоседнати најзначајните градови на [[Апулија]]: целата област од Анкона до [[Тарент]] ја признавале власта на византискиот цар.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 462.</ref>
 
===Краткото владеење во Италија===
Успехот ги надминувал и најсмелите очекувања и надежи. Воспоставувањето на [[Римско царство|Римското царство]], највозвишената цел на [[Источно римско царство|византиската]] политика, не изгледало веќе невозможно. Постојат два меча, така [[Јован II Комнин|Јован II]] му пишувал на [[папа]]та [[Папа Инокентиј II|Инокентиј II]], световен и духовен. Тој, царот, ќе го преземе световниот, а на папата ќе му го остави духовниот меч, за да се воспостави единство на [[Христијанство|христијанската црква]] и светска власт на единственото Римско царство. Се чинело дека дошол мигот оваа програма да се оствари. Мануил решил да го оствари стариот византиски сон и со помош на папата, по цена на унија, да ја обнови [[Јустинијан I|Јустинијановата]] и [[Константин I|Константиновата]] светска империја.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 462-463.</ref>
 
Меѓутоа, ако Јустинијановата реставрација на Римската империја не била со долг век, обидот за обнова на Мануил пропаднал одвај што бил направен првиот чекор во тој правец. Уште поголем отколку во времето на Јустинијан бил сегашниот несклад меѓу високите цели на царот и средствата кои му стоеле на располагање. Многу посилен бил и отпорот однадвор. Сложениот систем на [[Европа|европските]] ја исклучувале можноста од создавање светска империја. Сите сили што биле заинтересирани за [[Италија]] се обединиле против Мануил. Спрема византискиот цар непријателски став не зазел само [[Фридрих I Барбароса|Фридрих Барбароса]]. И [[Венецијанска република|Венецијанската република]] која дотогаш соработувала со Византија против [[Свето римско царство|Германците]] и [[Кралство Унгарија|Угрите]], се почуствувала загрозена од нејзиното утврдување во Италија и и свртела грб. [[Кралство Сицилија|Норманскиот]] крал [[Вилхелм I Сицилијански|Вилхелм I]] преминал во противнапад и во [[1156]]г. кај [[Бриндизи]] на [[Ромеи|Византијците]] им нанел пораз кој го забрзал крајот на византиското владеење во Италија. Премногу јасно се покажала слабоста на нејзината власт, создадена повеќе со помош на парите и дипломатијата отколку со воената моќ. Византијците морале да ја напуштат Италија, и во [[1158]]г. царот Мануил, кој за свој главен непријател веќе не го сметал норманскиот крал туку германскиот цар, со посредување на папата склучил мирот со [[Нормани]]те и заминувањето на византиските трупи од Италија значеле, всушност, крај на византискиот сон за светска империја.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 463-464.</ref>
 
==Воени походи==