Константин V Копроним: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 18:
Оваа политика била спроведена исклучиво сурово и била проследена со големи злосторствата. Според Теофан Исповедник, голем дел од монасите биле погубени преку камшикување, обезглавување и ослепување. На некои од црковните лица им биле намажувани нивните бради со мелем од восок и масло, по кое истите биле запалувани за да може да им биде изгорено нивното лице и глава.
 
== ВојниВојна со Арапите и Бугарите ==
 
Неуморен и талентиран, Константин V започнал неколку офанзивни кампањи против ослабениот Арапски калифат. Така во 746 година тој успеал да ја освои Северна Сирија, а следната година арапската флота била поразена од византиската кај островот Кипар, кој подоцна бил повторно присоединет кон империјата. Во 752 година императорот започнал нова успешна кампања против Арапите во Малатија, достигнувајќи до Горен Еуфрат. Во тој дел од империјата биле пренесени голем дел од заробените Словени од Балканскиот полуостров. Во текот на 770 година Арапите повторно упаднале во Мала Азија но уште еднаш биле поразени, но по ова тие започнале напади и грабежи во Кипар.
Ред 26:
Поради обврските главно со конфликтите на Балканот и Мала Азија, Константин V ја оставил во заден план заштитата на териториите во Италија, каде во 751 година Равена била заземена од Ломбардија. Кон крајот на неговото владеење Ломбардите го освоиле градот Рим, кој никогаш повеќе не се вратил под власта на Византија.
 
== Војни со Бугарите ==
 
Во периодот помеѓу 756 и 775 година Константин V организирал вкупно девет походи против Дунавска Бугарија со цел нејзино уништување. Во 756 година ги поразил бугарските војски предводени од Кормисош, кај тврдината Бурдизон која во чест на победата била преименувана во Булгарофигон. Во истата година организирал втор поход со пешадија во Тракија и со флота по Дунав. Кај тврдината Маркели, успеал да ја порази бугарската војска на хан Винех, по кое бугарскиот владетел склучил мировен договор со царот, според кој требало да ги испрати деца како заложници во Константинопол.
 
Во 759 година започнал третиот поход, но византиската војска била поразена во [[Битка кај Ришкиот превој|битката кај Ришкиот превој]], по кое бил принуден да се повлече. Одбивањето на бугарскиот хан да ги преследува византиските војски во Тракија, довело до негова детонација од престолот.
 
Во 763 година Константин V го организирал четвртиот поход во кој учество зела флота од 800 бродови, додека пешадијата пак, која навлегла во Тракија била предводена од самиот император. На 30 јуни 763 година, бугарската армија на чело со хан Телец била поразена во рамнината кај Анхиало. Дел од Бугарите биле заробени, одведени во Цариград за да го красат триумфот на императорот, а потоа убиени од толпата.
 
Во 765 година византискиот император го започнал петтиот по ред поход против Бугарија. Кон делтата на Дунав испратил две илјади, а самиот Константин со пешадијата се утврдил кај Веригава. Новиот бугарски хан Сабин побарал мировен договор, но императорот овој предлог го одбил. Пред битката ненадејно започнала голема бура која ја разбила византиската флота и војната завршила. Новиот предлог на бугарскиот хан за склучување мир со Византиската империја го чинело престолот. Шестиот поход на Константин V започнал во 768 година, кога неговите војници стигнале длабоко во внатрешноста на државата, но биле пресретнати од голем и жесток отпор и византиските сили биле принудени да се повлечат.
 
Во 774 година Константин V организирал седми поход против Бугарија, кога со 2000 флота заминал во Варна, но истиот поход одлучил да го прекине. Истата година императорот го организирал и осмиот поход, првично успешен, но прекинат откако кај Месемврија, флотата на Византијците била зафатена од морска бура.
{{Шаблон:Византиски владетели}}