Константин V Копроним: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
 
Константин V несомнено е еден од најспособните администратори кои управувале со Византиската империја. Независно од неговите успеси, тој е меѓу најомразените владетели во византиската историја поради неговиот обид да се наметне преку насилство иконоборството како официјална религиозна доктрина во империјата. Физички и психички нездрав, склонет кон жестоки и немилосрдни казни, Константин Копроним останал крајно непопуларен меѓу масата од населението и свештенството. Поддршката за него доаѓала главно од страна на војската, меѓу кои преовладувале иконоборските убедувања.
 
== Граѓанска војна ==
 
Набргу по стапување на престолот, Константин V се соочил со граѓанска војна (741-743), која започнала поради незадоволството на иконоборската политика на царот. Додека Константин V започнал воена кампања против Арапите во Мала Азија во 741/2 година, стратегот Артавазд Иконољубец се прогласил за император во Тракија и на темата Опсикион, со поддршка на ерменските единици, при кое Константин бил принуден итно да се врати назад за да собере војници во Анадолија. Артавазд бил поздравен од народот во Константинопол, каде официјално бил крунисан за император. Во овој период започнала обнова на почитувањето на иконите, кое дополнително го подобрил неговиот имиџ пред населението. Сепак, поголемиот дел од азиските армии останале на страната на Константин и кон средината на 743 година тој успеал да го порази на узурпаторот и истата година Артавазд Иконољубец бил симнат од престолот и ослепен. Задушувањето на бунтот кон крајот на 743 година било проследено со голем терор и масовни егзекуции.
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}