Разлика помеѓу преработките на „Лав III Сириец“

Додадени 1.024 бајти ,  пред 6 години
нема опис на уредувањето
Во 718 година бил задушен бунтот во Сицилија, а во 719 година бил спречен обидот на поранешниот император Анастасиј II да се врати на престолот. Во управувањето на Лав III империјата доживеала нов период на политичка стабилизација, постигнувајќи успеси во војните со Арапите. Во текот на неговото владеење биле склучени договори и сојузи со Бугарите, Хазарите и Грузијците против Арапскиот калифат. Биле привлечени словенски доселеници во сосема пусти погранични области на империјата.
 
Арапите биле поразени од византиските војски во 726 година во Мала Азија. Во 740 година, тој повторно им нанел пораз во Битката[[Битка кај Акроинон|битката кај Акронион]], [[Фригија]].
 
== Внатрешна политика ==
 
Како поранешен стратег на [[Анадолија (тема)|Анадолија]], император Лав III останал претставник на воено-земјишната аристократија и до крајот на владеењето ги бранел нејзините интереси. Со цел да ја зацврсти императорската власт, тој извршил голем број на реформи, вовел ред во државната администрација и финансии. Лав III исто така издал нов зборник со закони "Еклога". Тој ја ограничил примената на смртна казна и го забранил ропството во Византија. Вовел нов даночен и судски систем во корист на малите сопственици.
 
== Наводи ==