Лав III Сириец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
Вистинското родено име на Лав најверојатно било Конон. По народност е исавриец од скромно селско потекло. Лав бил роден во Германикеја, (денешниот град Караманмараш во Турција) во областа [[Комагена]] во северна [[Сирија]], на границата меѓу Византиската империја и Арапскиот калифат. Уште како дете тој бил преселен заедно со својата фамилија од Јустинијан II во Тракија (695 година), како дел од империјалната политика на населување на напуштените балкански провинции.
 
Младиот Лав бил пастир заедно со својот татко, кога детонираниот император Јустинијан II патувал кон Константинопол (705 година) за повторното негово зазимање на престолот со бугарска помош. Лав му подарил 500 овци за неговите војници. Од благодарност Јустинијан го прогласил за спатариј (Spatharios), офицер во царската гарда. Така тој ја започнал својата воена кариера. Лав учествувал во воени походи во северен Кавказ, каде по крајот на походот, императорот [[Анастасиј II (владетел)|Анастасиј II]] го назначил за стратег ([[713]]- [[715]]<ref>[http://www.bbkl.de/l/Leon_III.shtml BBKL],</ref>) или воено-административен началник на источната војска која броела околу 15,000 војници во тема [[Анадолија (тема)|Анадолија]].
 
Во 717 година Лав направил заговор заедно со генералот [[Артавазд Иконољубец|Артавазд]] против император [[Теодосиј III]]. Генералот [[Артавазд Иконољубец|Артавазд]] бил верен со неговата ќерка [[Ана (сопруга на Артавазд Иконољубец)|Ана]]<ref>{{cite book