Лав III Сириец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Јустинијан II''' ([[грчки]]: ''Λέων Γ' ο Ίσαυρος'', [[латински]]: ''Leon III. ho Isaurós‚ Leon der Isaurier, Leo III''), ({{роден на|||675}} во {{роденденешен во|Сирија}}[[Караманмараш]] - {{починал на|18|јуни|741}} во {{починал во|Константинопол}}) бил византиски император кој владеел во периодот од [[717]] до [[741]] година.
 
Лав III бил основач на на Исавријанската или позната уште како Сириска династија. Лав III е еден од најважните византиски владетели, кој успеал да ја извади империјата од периодот на анархија и кој успеал да се справи со арапската закана, кога во август 718 година Арапите биле поразени од бугарскиот хан Тервел по кое била повлечена [[Опсада на Константинопол|опсадата на престолнината]] по четири години. Тој исто така ја наметнал новата црковна доктрина на иконоборството.
 
Лав бил оженет за [[Марија (сопруга на Лав III Исавријанин)|Марија]], со која имале четири деца: [[Константин V Копроним|Константин V]], [[Ана (сопруга на Артавазд Иконољубец)|Ана]], [[Козма (син на Лав III Исавријанин)|Козма]] и [[Ирина (ќерка на Лав III Исавријанин)|Ирина]].
 
== Рани години ==
 
Вистинското родено име на Лав најверојатно било Конон. По народност е исавриец од скромно селско потекло. Лав бил роден во Германикеја, (денешниот град Караманмараш во Турција) во областа [[Комагена]] во северна [[Сирија]], на границата меѓу Византиската империја и Арапскиот калифат. Уште како дете тој бил преселен заедно со својата фамилија од Јустинијан II во Тракија (695 година), како дел од империјалната политика на населување на напуштените балкански провинции.
 
Младиот Лав бил пастир заедно со својот татко, кога детонираниот император Јустинијан II патувал кон Константинопол (705 година) за повторното негово зазимање на престолот со бугарска помош. Лав му подарил 500 овци за неговите војници. Од благодарност Јустинијан го прогласил за спатариј (Spatharios), офицер во царската гарда. Така тој ја започнал својата воена кариера. Лав учествувал во воени походи во северен Кавказ, каде по крајот на походот, императорот [[Анастасиј II (владетел)|Анастасиј II]] го назначил за стратег (713- 715) или воено-административен началник на источната војска која броела околу 15,000 војници во тема [[Анадолија (тема)|Анадолија]].
 
Во 717 година Лав направил заговор заедно со генералот [[Артавазд]] против император [[Теодосиј III]], по кое Теодосиј бил детонизиран и испратен во манастир.
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}