Голем дворец (Цариград): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 5:
Кога [[Константин I]] престолнината ја преместил од [[Рим]] во [[Цариград]] во [[330]] година, тој веднаш наредил да се изгради голем дворец кој ќе служи како резиденција. Палатата се наоѓала помеѓу [[цариградски хиподром|хиподромот]] и [[Аја Софија]]. Градбата била обновувана и проширувана на неколку пати, особено во времето на императорите [[Јустинијан I]] и [[Теофил]].
 
До почетокот на [[13 век]], Големата палата служела како примарен административен и церемонијален центар на градот, иако од почетокот на [[Комнини|династијата на Комнините]], палатата во [[Влахерна]] била фаворизирана како империјална резиденција. За време на [[Четврта крстоносна војна|Четвртата крстоносна војна]], дворецот бил ограбен од страна на војниците на [[Бонифациј Мoнтифератски]] на Мoнтиферат. Иако подоцнежните латински императори продолжиле да ја користат палатата, сепак тие немале пари за нејзината обнова и одржување.
 
Кога градот бил повторно заземен од страна на силите на [[Михаил VIII Палеолог]] во [[1261]] година, големата палата веќе се наоѓала во лоша состојба, па тој не ни направил некои поголеми реставрации на истата, така што кога [[Мехмед II]] влегол во градот во [[1453]], тој ја најдол разурната и напуштена.