Фудбалот во Прилеп: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
Највисокиот орган на Фудбалската организација во [[Кралството на Србите,Хрватите и Словенците]] (1919-1941), бил Ногометниот Сојуз на Југославија. Под него спаѓале лоптачки потсојузи. Помошен орган на [[Лоптачките потсојузи]] биле спортските управи во жупите. Заедничката спортска управа во Прилеп била основана во 1932 година со донесувањето на правилата на седницата, одржана на 23 октомври.<ref> “Напредното работничко спортско движење во Вардарска Македонија“, автор д-р редовен професор,Славко Матевски </ref>
 
==фудбалскиФудбалски клубови и фудбалски натпревари==
Во периодот помеѓу двете светски војни натпреварите на прилепските клубови ги следеле просечно по 2000 гледачи, со оглед на тогашните случувања.Во 1934 година е основан фудбалскиот тим [[СК„Хајдук“]]<ref> Прилеп и прилепско меѓу двете светски војни 1918-1941,книга2,стана280.</ref><ref>Зборник„Ченто“-човек,револуционер,државник,стр.173.</ref>.Иницијатор за создавање на овој клуб е [[Александар Самарџиоски-Цане]]. На 22 јули 1934 година е одржано основачко собрание на овој клуб на кое е избран за претседател [[Методија Андонов - Ченто]], а за секретар Александар Самарџиоски - Цане. Одиграни натпревари од 1935 до 1940 година: 8 (осум) натпревари и тоа со СК„Шумадија“1:3, СК„Југославија“ 2:3, СК„Викторија„ 1:0, СК„Железничар“ 2:5, СК„Победа“ 2:1, СК„Бистрица“ 1:0, КСК(Куманово) 1:1, СК„Битола 4:2 резултат.
Во 1934 година во Варошко маало бил формиран спортскиот клуб „ Викторија“. Тој постоел до 1941 година.<ref>Прилеп и прилепско низ историјата,книга2,страна 9.</ref>На 8 април 1939 во Прилеп е основан Спортскиот клуб „ Гладно Поле “.<ref>Прилеп и прилепско низ историјата , книга 2, глава 3, страна 103.</ref> Во 1944 година се формирани СК„Македонија“, и СД„Гоце Делчев“, и тоа во екот на Втората светска војна.<ref>Прилеп и прилепско низ историјата , книга 2, страна 91, глава 3.</ref> Со започнувањето на војната , па се до крајот 1944 година , под Бугарските окупаторски сили формираните клубови и фудбалерите ги нарекувале „ благонадежни Бугари од западните предели “, кој подоцна се менува терминологијата.<ref>Фудбалот во Прилеп 1914-1941 година, книга 1, Веселин Тофоски</ref>