Фудбалот во Прилеп: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
==фудбалски клубови и фудбалски натпревари==
Во периодот помеѓу двете светски војни натпреварите на прилепските клубови ги следеле просечно по 2000 гледачи, со оглед на тогашните случувања.Во 1934 година е основан фудбалскиот тим [[СК„Хајдук“]]<ref> Прилеп и прилепско меѓу двете светски војни 1918-1941,книга2,стана280.</ref><ref>Зборник„Ченто“-човек,револуционер,државник,стр.173.</ref>.Иницијатор за создавање на овој клуб е [[Александар Самарџиоски-Цане]]. На 22 јули 1934 година е одржано основачко собрание на овој клуб на кое е избран за претседател [[Методија Андонов - Ченто]], а за секретар Александар Самарџиоски - Цане. Одиграни натпревари од 1935 до 1940 година: 8 (осум) натпревари и тоа со СК„Шумадија“1:3, СК„Југославија“ 2:3, СК„Викторија„ 1:0, СК„Железничар“ 2:5, СК„Победа“ 2:1, СК„Бистрица“ 1:0, КСК(Куманово) 1:1, СК„Битола 4:2 резултат.
Во 1934 година во Вароошко маало бил формиран спортскиот клуб „ Викторија“. Тој постоел до 1941 година.<ref>Прилеп и прилепско низ историјата,книга2,страна 9.</ref>На 8 април 1939 во Прилеп е основан Спортскиот клуб „ Гладно Поле “.<ref>Прилеп и прилепско низ историјата , книга 2, глава 3, страна 103.</ref> Во 1944 година се формирани СК„Македонија“, и СД„Гоце Делчев“, и тоа во екот на Втората светска војна.<ref>Прилеп и прилепско низ историјата , книга 2, страна 91, глава 3.</ref> Со започнувањето на војната , па се до крајот 1944 година , под Бугарските окупаторски сили формираните клубови и фудбалерите ги нарекувале „ благонадежни Бугари од западните предели “, кој подоцна се менува терминологијата.