Фудбалот во Прилеп: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
 
==Спортски-просветни друштва==
Прво спортско друштво е “ [[Василие Трбиќ]] “ кој е основано во септември 1925 година. Ова спортско друштво повеќето е насочено кон политички цели, во корист на неговиот оснивач и покровител [[Василие Трбиќ]]. Во списокот на издадени членски книшки ( вкупно 90 ), се наоѓаат истакнати граѓани на Прилеп, исто така членови биле и просветни работници. Има списоци на членови од општината „ [[Плетвар]] “, која ја зафаќа поголемата територијата во Прилеп. За ова друштво има и сметководна документација. Дејноста била во рамки на културно-просветна, каде што имало и драмски секции. Во архивската документација постои ракописен текст на “ [[Народен Пратеник“Пратеник]]“ од [[Бранислав Нушиќ]], и “ [[Грбавац]] “ од [[Мирко Дечак]]. Со ова се гледа драмската активност на ова друштво. Постои список за доброволни прилози, и примопредавање на должност . Врз основа на оваа документација гледаме дека ова друштво постоело до крајот на 1925 година, но и согледуваме дека дејноста не била само фудбалска , туку има политичка,агитирачка и пропагандна дејност, со оглед на тоа дека во тој период била Вардарска бановина.<ref>ДАРМ, Архив на Прилеп, фонд: Прилепски основни школи, кутија 1, архивска единица 48.,1925 година. </ref>