Малешевска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Малешевската Котлина''' се наоѓа во крајниот источен дел на [[Република Македонија|Македонија]] и зафаќа површина од 192&nbsp;км². Од сите страни е заградена со планини и тоа: на север со [[Голак]] и [[Беаз Тепе]], на југ со [[Огражден]], на исток со [[Кадиица]] и [[Влаина]] и на запад со [[Плачковица]] и [[Обозна]]. Овие планини се богати со шуми во кои преовладуваат [[Бука|буката]], [[Даб|дабот]] и [[Ела|елата]]. <ref>{{цитирана книга|last=Marković|first=Jovan Đ|title=Geografske oblasti Socijalističke Federativne Republike Jugoslavije|publisher=Zavod za izdavanje udžbenika Socijalističke Republike Srbije|date=1967|language=српско-хрватски}}</ref>
 
Освен тоа тие изобилуваат со сочни [[пасишта]], [[дивеч]] и со [[лигнит]]. [[Рудник Брик|Рудникот Брик]] располага со резерви на лигнит доволни за 25 години експлоатација со просечно производство од 90 илјади тони годишно.
 
Котлината е висок предел во источниот дел на Република Македонија. Го зафаќа изворскиот слив на реката [[Брегалница]], до нејзината клисура над с. [[Разловци]]. Тоа е опколено со [[Малешевски Планини|Малешевските Планини]] и со разграноци на [[Влаина]], [[Голак]] и [[Плачковица]], а е отворено само накај север по долината на [[Брегалница]]. Преку Малешевијата. водат две регионални сообраќајници. Една штоЕдната го поврзува на север со [[Пијанец]] и на југ со [[Струмичката Котлина]], и другаа штодругата го поврзува на запад со [[Кочанската Котлина]] и на исток со долината на [[Струма]].

Првпат се спомнува во една повелба на византискиот цар [[Василиј II]] во [[1020]] г. Во времето на османлиското владеење управно средиште на Малешевијата било [[Пехчево]] (тогаш [[Османија]]„Османија“); а потоа оваа улога ја презема [[Берово]]. Во Малешевијата има 14 села и две градски населби – [[Берово]] и [[Пехчево]]. Од селата, 8 и' припаѓаат на општината [[Берово]], а 6 на општината [[Пехчево]]. Населбите се од збиен тип и се населени со [[Македонци]]. Во с. [[Црник]] има [[Турци]] и [[Роми]]. Бројот на населението е во стагнација. Во 1961 г. овде живееле 20.048 ж.жители, и во 2002 г. скоро исто толку – 19.458 жжители. Малешевци претежно се занимаваат со сточарство, овоштарство и со производство на компири.<ref>Ј. Павловиќ, ''Малешево и Малешевци'', Београд 1928;</ref><ref>''Малеш и Пијанец, Природни и социо-географски карактеристики'', [[МАНУ]], [[Скопје]], 1980.</ref>
 
Котлината има средна надморска височина од 900 метри и спаѓа меѓу највисоките наши котлини со [[Мариово]] и [[Преспа]]. Во пролетниот и летниот период Малешевската котлина има изглед на зелена оаза поради непрегледните [[ливади]] и пасишта. Сликата и пејсажот го надополнуваат и многубројните овоштарници со сливи, круши и јаболка со кои котлината е надалеку позната.
Ред 9 ⟶ 11:
Низ котлината течат реките [[Брегалница]] и [[Ратевска Река]]. Над селото [[Ратево]] е подигната акумулацијата Ратево чии води се користат за поливање но истовремено служат и како резервни води за наводнување на оризовите полиња во [[Кочани]] кои преку езерото [[Калиманци]] пристигнуваат и во [[Овче Поле]].
 
Населението во Малишевската котилна се одликува со традиционална гостољубивост и револуционерна прадедовска традиција. Во првите бурни настани пред илинденскиот период населението масовно се приклучило кон [[Разловечко востание|Разловечкото]] и [[Кресненско востание|Кресненското]] востание.
 
Во котлината постојат поволни можности за развој на [[Туризам|туризмот]]. Тоа го овозможуваат локалитетите [[Малешево]] и [[Абланица]].
 
== Наводи ==