Владимир Полежиноски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Владимир_Полежиноски.jpg|right|thumb|200px|Владимир Полежиноски]]'''Владимир (Владо) Полежиноски - Полежина''' ([[Кичево]], [[30 мај]] [[1913]] - [[Скопје]], [[16 јуни]] [[1980]] година) бил македонски комунист, учесник во [[НОБ]] и член на [[АСНОМ]]. По Резолуцијата на [[Информбиро]]то бил репресиран и испратен на [[Голи Оток]].
 
== Биографија ==
Ред 5:
Роден е во семејството на Јонче и Стефанка Полежиноски. Основно образование завршил во Кичево, а гимназија во [[Битола]] во [[1932]] година. По завршување на гимназијата, во есента [[1932]] година се запишал на Правниот факултет во [[Париз]], каде што со успех ги завршил студиите, а потоа одбранил и докторат на универзитетот [[Сорбона]] во март [[1939]] година на тема „Фондови за изедначување на девизните курсеви". За време на студиите во [[Париз]] активно се вклучил во студентското демократско движење, а во [[1937]] година станал и секретар на студентското друштво во Париз.
 
=== Втора Светскасветска војна ===
Полежиноски бил повикан на отслужување на воениот рок во стара [[Кралство Југославија|Југославија]] и служел во [[Требиње]], каде што го затекнала и капитулацијата на стара Југославија. Тој се вратил во родното [[Кичево]], каде што токму тогаш [[Кузман Јосифовски - Питу]] го формирал Месниот комитет на [[КПЈ]] во Кичево во октомври [[1941]] година. Во почетокот Кузман не се сложил Полежина да влезе како член на МК, бидејќи сметал дека партијата е на [[работничка класа|работничката класа]], а интелектуалците каков што бил Полежина не може да бидат членови. Сите кичевски првоборци се залагале за Полежина да биде член. Кузман Јосифовски-Питу сфатил дека Полежина како убеден [[демократија|демократ]] и [[антифашизам|антифашист]] треба да биде член на КПЈ.
 
Полежина станал [[политички секретар]] во кичевската организација. Работејќи на подготовките во Кичево, заедно со повеќе свои другари бил затворен од [[италија]]нските окупаторски власти. Во мај [[1943]] година бил пренесен во концентрациониот затвор [[Порто Романо]] во [[Албанија]], каде останал до капитулацијата на фашистичка [[Италија]] на [[8 септември]] [[1943]] година. По враќањето во Кичево, активно се вклучил во [[НОБ|Народноослободителното движење]] во првоослободениот град Кичево во НОВ. Благодарејќи на неговата активна работа и резултати како и потребите бил повлечен да работи во [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на Македонија]] на теренот на [[Дебарца]].
Ред 25:
Неговите соборци од [[Кичево]], Борис Грујоски, Борис Алексоски - Карче, Пецо Чингоски, Драгољуб Прјоски и [[Илија Топаловски]] сторија многу тој да ја добие [[Партизанска споменица 1941]].<ref>[http://kicevo.blog.com.mk/node/68645 блог PARADISE CITY OF©]</ref>
 
Во Кичево неговото име го носи [[ОУ „Владимир Полежиноски - Бато"|Основното училиште "д-р Владимир Полежиноски"]], како и улицата каде што е роден и живеел.<ref>[http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2521&stID=37396 Душан Ристоски „Авторот на асномските документи на Голи Оток“], „Дневник“</ref>
 
== Наводи ==
<references />
 
== Литература ==
* Тодор Чепреганов (ур.), „Владимир Полежиноски: живот и дело“, Институт за национална историја, 2012.
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Полежиноски}}