Алексиј I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 108:
 
==Прашањето околу престолонаследникот==
Јакнењето на царскиот авторите овозможило создавање нова династија. И покрај неслогата што владеела во царското семејство и жолчните спорови околу наследството на престолот кои му ги затруле последните денови на царот Алексиј, сепак го наследил неговиот најстар син [[Јован II Комнин|Јован]]. Преземајќи ја врховната власт во спогодба со династијата [[Дука династија|Дука]], Алексиј I во почетокот за престолонаследник го одредил младиот Константин Дука, синот на [[Михаил VII Дука|Михаил VII]], и го свршил со својата најстара ќерка [[Ана Комнина|Ана]]. Но кога му се родил син царот на него го пренесол правото на наследство на престолот ([[1092]]г.). Со тоа бил направен одличниот чекор кон создавањето на династијата [[Комнини]], и кога наскоро потоа умрел младиот Константин Дука, се чинело дека сите тешкотии биле отстранети. Меѓутоа на таквото решение му се спротиставила амбициозната Ана. По прераната смрт на својот свршеник, Ана се омажила за цезарот Никифор Вриениј ([[1097]]г.) и побарала за престолонаследник да биде одреден нејзиниот маж. Енергичниот политичар и славен војсководец Алексиј силно бил подложен на влијанијата на жените. Во почетокот тој бил под влијание на царицата-вдовица Марија, сопругата на неговите двајца претходници и мајка на престолонаследникот Константин Дука. Оваа убава и умна жена му била голема љубов на Алексиј и тој дури бил готов да и ја жртвува својата жена [[Ирина Дукина|Ирина Дука]], а со неа и сите политички предимства на овој брак. Дури по одлучното инсистирање на партијархот[[Вселенски патријарх|патријархот]] [[Козма II Цариградски|Козма]] и странката на династијата Дука, тој се согласил со крунисувањето на Ирина. Потоа одлучувачкото влијание имала мајката на царот, интелигентната и властољубива [[Ана Даласена]], која во времето на отсуството на Алексиј при борбите против [[Роберт Гвискард]] дури вршела регентство во [[Цариград]]. Најодзади до големо влијание стигнала и во почетокот запоставената царица Ирина. По прашањето за наследството на престолот таа ја поддржувала својата омилена ќерка Ана и нејзиниот маж Никифор Вриениј. Мајката и ќерката не престанувале да го наговоруваат царот круната да му ја предаде на Вриениј, па дури ни на смртниот одар не му давала мир. Иако Алексиј не можел отворено да го одбие ова барање, сепак во одлучувачкиот миг тој му помогнал на синот да го оствари своето право. Но по сите тие заплети и интриги, доаѓањето на власт на легитимниот престолонаследник добило карактер на државен удар. Ана не се помирила веднаш со својата судбина. Подготвила дури и атентат врз својот брат и дури кога ниту ова крајно средство не успеало, таа се повлекла во манастир и ја напишала историјата на својот татко, „Алексијада“, којашто го овековечила нејзиното име.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 452-453.</ref>
 
== Семејство ==