Алексиј I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 41:
 
==Внатрешна политика==
===Влијание===
Алексиј долго време бил под силно влијание на неговата мајка [[Ана Даласена]], која наместо својата сопруга ([[Ирина Дукина]]) ја крунисал како Августа. Даласена била ефикасен администратор на империјата за сето време долгите воени кампањи кои Алексиј I ги водел. Таа била постојано во судир со нејзината [[Ирина Дукина|снаа]] и ја преземала целосната одговорноста за воспитувањето и образованието на нејзината внука [[Ана Комнина]].
 
===Државен апарат===
Опаѓањето на [[Источно римско царство|византискиот]] управен апарат се одразувал и во симптоматичните промени кои Алексиј I ги повел во дворските титули, а кои, исто така, се надоврзувале на развитокот од претходниот период. Со масовното доделување на титулите во времето на владеењето на цивилното благородништво, старите титули го загубиле своето значење и се јавила потреба за создавање нови, повисоки титули. Титулите патрициј, протоспатариј и спатарокандидат, коишто во [[X век]] ги носеле мошне истакнати чиновници и воени команданти, веќе во средината на [[XI век]] го губеле својот углед и на преминот во [[XII век]] целосно исчезнале. Само три највисоки титули од средновизантискат епоха ([[Цезар (титула)|цезар]], нобилисим и куропалат) ја надживеале оваа интересна инфлација на титули, но дури и тие нешто изгубиле во своето значење. За својот брат Исак, царот Алексиј, со спојувањето на титулите севаст и автократор, создал нова титула севастократор којашто добила повисок ранг од цезарската титула. После тоа не му било тешко да го исполни своето ветување и на бившиот претендент Никифор Мелисин да му ја подари титулата цезар, која сега претставувала високо но не и највисоко одликување. Додека старите чиновнички титули исчезнувале, на повисоките византиски достоинственици им се доделувале титули кои порано биле сметани како царски епитети и давани само на членови на царското семејство. Со комбинирањето на одделни титули и епитети се добивала бесконечна скала од се позвучни и пообемни називи: севаст, протосеваст, паниперсеваст, севастоипертат, пансевастоипертат, протопансевастоипертат, ентимоипертат, панентимоипертат, протонобилисимоипертат итн. Овие промени во чиновничките титули биле надворешен одраз на длабоката деформација којашто во XI век ја доживеал византискиот државен апарат.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 441-442.</ref>