Алексиј I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 77:
 
Византија можела да се помири со основањето на Ерусалимското кралство во оддалечената Палестина, но не и со [[Кнежевство Антиохија|Боемундовото кнежевство]] во Антиохија. Појавата на норманското кнежевство во Сирија непосредно ги погодувала нејзините интереси уште повеќе што Боемунд не ги криел своите намери, отварајќи наскоро непријателство. Меѓутоа, тој истовремено морал да војува против [[Селџучко царство|Турците]] на коишто кнежевството на крстоносците во Антиохија исто така им пречело такашто оваа околност значително ја олеснила работата на византискиот цар. Веќе во [[1100]]г. Боемунд паднал во турско заробеништво, но крстоносците го откупиле и го вратиле во Антиохија. Меѓутоа , во [[1104]]г. кај Харон, Турците на крстоносците им нанеле страотен пораз. Алексиј I тоа веднаш го искористил. Царската војска ги запоседнала значајните тврдини Тарс, Адана и Мамистра, а византиската флота ја зазела Лаодикеја и низа други градови на сирискиот брег, се до Триполис.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 438-439.</ref>
 
===Новиот византиско-нормански судир===
[[Боемунд Тарентски|Боемунд]] морал да увиди дека истовремената борба против [[Селџучко царство|Турците]] и [[Источно римско царство|Византијците]] ги надминувала неговите сили. Оставајќи го Танкред во [[Антиохија]], тој тргнал на Запад за да организира таму поголема акција против Византиското царство. На патот по [[Италија]] и [[Кралство Франција|Франција]], Боемунд со својата антивизантиска пропаганда придонесол повеќе од кој и да е друг во создавањето легенда за неверството на византискиот цар спрема крстоносците. Собирајќи силна војска, тој во [[октомври]] [[1107]]г. се истоварил кај [[Валона]]. Како пред 25 години и сега [[Нормани]]те и Византијците се судриле на источниот брег на [[Јадран|Јадранското Море]]. Меѓутоа, положбата целосно била променета и борбата завршила со одлучна победа на Византијците и со капитулација на норманскиот кнез. Во говорот од [[1108]]г. Боемунд го признал византискиот цар за свој сизерен и се обврзал дека нема да презема никакви непријателства против Византија туку, напротив, дека како верен вазал ќе го помага царот против неговите непријатели. Под тие услови [[Кнежевство Антиохија|Антиохиското кнежевство]] му било признато како царско лено. Меѓутоа, како што можело да се очекува, Танкред одбил да го признае овој договор, а кога Боемунд наскоро умрел ([[1111]]г.), Танкред останал единствен господар на [[Антиохија]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 439-440.</ref>
 
===Унгарија===
Во ова време се јавува нов чинител во политичкиот живот на [[Балкан]]от - [[Кралство Унгарија|Унгарија]], којашто во првите години на [[XII век]] ги потчинила [[Хрватска]] и [[Далмација]]. Значењето коешто таа со тоа го добила за [[Источно римско царство|Византија]] нашло израз во тоа што царот Алексиј го оженил својот престолонаследник [[Јован II Комнин|Јован]] со унгарската принцеза. Сепак, меѓу Византија и Унгарија неизбежмо морало да дојде до вкрстување на интересите на Балканот и на [[Јадран]]от, такашто во идните децении Унгарија станала еден од главните соперници и противници на Византиското царство.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 439-440.</ref>
 
Во текот на последните дваесет години од својот живот Алексиј изгубил голем дел од својата популарност. Тие години биле обележани со прогон на [[Богомили]]те. Исто така, покрај успехот на крстоносната војна, Алексиј морал да одбие голем број напади врз неговата територија од страна на Турците селџуци (во периодот од 1110 до 1117 година).