Охридска архиепископија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 30:
Поновата теорија за постанокот на Охридската архиепископија тврди дека таа е идентична со поранешната [[Архиепископија на Јустинијана Прима]] која била основана од [[Јустинијан I]] во 535 година, во неговото родно место. Оваа теорија се задржала доста долго време, поточно сè до укинувањето на Охридската архиепископија (1767).
 
Во XIII век се појавила една сосема нова теорија за името и за правната положба на Охридската архиепископија според која Архиепископијата е исто што и некогашната [[Архиепископија на Јустинијана Прима]], па затоа и привилегиите издадени од [[цар]] Јустинијан во 11 и 131 новела на [[Архиепископијата на Јустинијана Прима]] важат и за Охридската архиепископија. Оттогаш и меѓу византиските историчари од тоа време се формира мислењето дека потеклото на Охридската архиепископија се основа на 11 и 131 јустинијанова новела. Според Цахарие оваа теорија ја измислил некој клирик од Охридската архиепископија. Х. Гелцер изнел свое мислење, според него, таа се појавила некаде во средината на XII век, во времето на охридскиот архиепископ [[Јован КомненКомнин]]. До таков заклучок дошол бидејќи Јован Комнен е прв од охридските архиепископи кој се потпишувал со титулата Архиепископ на Јустинијана Прима. Веќе [[1157]] година постои негов потпис.
 
Б. Проќиќ истакнува дека се наоѓа и еден податок во кој се зборува за новата теорија, во која се вели дека по освојувањето на Охридското царство во 1018 година царот [[Василиј II]] Oхридската архиепископија ја утврдил како автокефална, бидејќи од уредбите, т.е. од 11 и 131 новела на [[цар]] [[Јустинијан I]], дознал дека Охридската архиепископија е исто што и [[Архиепископијата на Јустинијана Прима]]. Иако поновата теорија била измислена да се прикаже високото византиско потекло на Охридската архиепископија сепак нејзините архиепископи никако не сакале да се подложат под јурисдикција на вселенскиот патријарх во [[Цариград]], туку жестоко ја бранеле автокефалноста на Архиепископијата. Покрај тоа, тие нагласувале дека Охридската архиепископија ја издигнал на степен самостојна и независна црква [[Јустинијан I]] и тоа од римскиот папа, под чија јурисдикција била се до [[535]] година.