Алексиј I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с oтстранета Категорија:Династија Комнини со помош на HotCat
сНема опис на уредувањето
Ред 14:
|issue =[[Ана Комнина]]
Марија Комнина
[[Јован II Комнин]]
Андроник Комнин
Евдокија Комнина
Теодора Комнина
Исак Комнин
Мануел Комнин
Зоја Комнина
|full name =
|house =[[Династија на Комнините|Комнини]]
|house-type =Династија
|father =Јован Комнин
Ред 25:

'''Алексиј I Комнин''' ([[грчки јазик|грчки]]: Ἀλέξιος Α' Κομνηνός, 1048 - 15 август 1118), бил [[Источно римско царство|византиски]] [[Византиски цареви|император]] кој владеел од 1081 до 1118 година и основач на династијата [[Династија на КомнинитеКомнини]]. Тој го преземал водството на царството во многу тешка ситуација. Империја во текот на неговото владеење се соочувала со постојани војни со [[Селџуци|Турците Селџуци]] во [[Мала Азија]] и со [[Нормани]]те во западниот дел на [[Балкан]]от. Алексиј I успеал да го запре опаѓањето на византиската моќ и го започнал военото, финансиското, и територијалното обновување на империјата. Неговите апели до [[Западна Европа]] за помош против [[Турски народи|турските народи]] биле катализатор кое подоцна иницирало да се започнат [[Крстоносни војни|Крстоносните војни]].

== Претходен живот ==
Ред 37:

===Узузпација на престолот===
Меѓу сите претставници на воената аристократија коишто се грабале околу царската круна, Алексиј Комнин бил не само најистакнатиот војсководец, туку и еден од вистинските политичари. Во тоа тој го надминал и својот стрико [[Исак I Комнин]] и несреќникот [[Роман IV Диоген]]. Со голема вештина тој си подготвувал почва во војската и во [[Цариград|престолнината]] и умеел за цебе да ја придобие и противничката странка. Се оженил со [[Ирина Дукина|Ирина Дука]], внуката на [[Цезар (титула)|цезарот]] Јован и ќерка на [[Битка кај Манцикерт (1071)|манцикертскиот]] предавник Андроник. Царицата Марија го посинила и во него видела заштитник на својот малечок син Константин Дука, не губејќи надеж дека тој еден ден ќе ја добие царската круна. Главен спомагател на Алексиј, покрај неговиот брат Исак Комнин, бил цезарот Јован Дука. Состанокот во Цурулон, којшто било решено неговото прогласување за цар, имал карактер на семеен совет на семејствата [[Династија на Комнините|КомнинКомнини]] и Дука. Најпосле, Алексиј се спогодил и со претендентот Никифор Мелисин, својот зет. Мелисин нему му го понудил [[Европа|европскиот]] цел од [[Источно римско царство|државата]], сакајќи за себе да ја задржи [[Мала Азија]]. Повторно кај еден византиски великодостојник се пројавила идејата за поделба на Царството. Алексиј Комнин, меѓутоа ја одбил предложената делба и го смирил својот зет ветувајќи му ја цезарската титула.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 419-420.</ref>

Во Цариград, чијашто посада се состоела во поголем дел од странски наемници, Алексиј влегол благодарение на договорот со заповедникот на [[Германци|германскиот]] одред. Како и трупите коишто го бранеле Цариград, и војската на Алексиј претставувала шаренило војници од разни народности, желни за ограбување и плен. Три дена и три ноќи византиската престолнина била сцена на подивено ограбување и насилство. Откажувајќи се од безигледната борба, Никифор Вотанијат се откажал од престолот и се закалуѓерил. На првиот ден на [[Велигден]], [[4 април]] [[1081]]г., Алексиј Комнин бил крунисан за цар на Византија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 420.</ref>
Ред 44:
===Општа ситуација===
[[Податотека:Byzantiumforecrusades.PNG|десно|thumb|300px|Византија во периодот кога Алексиј I дошол на тронот (околу 1081 година)]]
На надворешно-политичко поле, последиците на жалното доба започнало со смртта на [[Василиј II]], а завршило со доаѓањето на престолот на Алексиј Комнин, биле крахот на [[Источно римско царство|византиската]] власт во [[Мала Азија]], губењето на византиските поседи во [[Италија]] и забележителното слабеење на византискиот авторитет на [[Балкан]]от. На внатрешно-политичко поле овој период довел до дезинтеграција на дотогашниот економско-социјален поредок на Византиското царство. Работата за обнова на државата на државата Алексиј I Комнин морал да ја постави врз нови основи и нови чинители станале носители на системот којшто тој го создал. Неговите напори можеле да имаат само делумен и привремен успех. Навистина и во раниот [[Среден век]], во [[VII век|VII]] и [[VIII век]], повеќепати изгледало дека Византиското царство се наоѓа на работ од пропаста. Меѓутоа, тогаш Царството, се располагало со свежи, неистрошени сили коишто овозможиле подлабока и потрајна внатрешна обнова, и Мала Азија, јадрото на Царството, се одржала низ сите кризи и неволји. Затоа тоа можело не само да се воздигне туку и одново да стекне превласт на копно и на море во целото источно [[Средоземје]]. Сега, меѓутоа, внатрешните сили на царството биле исцрпени бидејќи порадокот врз кого се засновала неговата моќ во текот на претходните векови доживеал слом, после што и Мала Азија била напуштена речиси без отпор. Реокупацијата на Мала Азија во времето на [[Династија на Комнините|Комнини]]те останала на половина пат, а превласта поморска [[Ромеи|Византијците]] токму во времето конечно ја загубиле. Хегемонија по море извојувале, и во економски и во стратешки поглед, италијанските градски републики, и тоа историски била најзначајната пресвртница на овааа епоха, којашто не случајно се завршила со византиската катастрофа во [[1204]]г. На големата сила на Комнини и недостигала цврста внатрешна основа и поради тоа нивната политика не можела да вроди со трајни успеси, колку и да била вешта и колку и да биле импозантни нејзините достигнувања.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 427-428.</ref>

Навистина политиката на Алексиј Комнин уште од првите негови чекори открива една извонредна вештина. Ситуацијата била повеќе од критична: војската упропастена, државната благајна празна, а од сите навалувале сите непријатели: [[Нормани]], [[Печенези]], [[Румски султанат|Селџуци]]. Во почетокот Алексиј морал да се помири со тоа дека Мала Азија се наоѓа во рацете на [[Селџуци|Турците]]. Не можел да стори ништо друго освен да му ја препушти изгубената територија на [[Сулејман (румски султан)|Сулејман]] како земја за населување на неговоте војници. На тој начин барем привидно биле зачувани врховните права на Византија, бидејќи била одржана фикцијата дека Селџуците ја зазеле византиската територија со согласност на царот, како негови федерати, а не како суверена странска сила. Сите свои сили Алексиј морал да ги сосредочи на борбата со Норманите, бидејќи по освојувањето на византиските територии во јужна Италија, [[Роберт Гвискард]] се свртел кон источниот брег на [[Јадран]]. Крајната цел на големиот нормански војвода била, ни помалку ни повеќе, туку освојувањето на Византиското царство, а прва мета му бил [[Драч]], од каде што се отворал патот за [[Цариград]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 428-429.</ref>