Алексиј I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 66:
Ослободувањето на [[Цариград]] му овозможило да завојува против [[Рашка|рашкиот]] жупан [[Вукан Рашки|Вукан]], којшто ги вознемирувал пограничните [[Источно римско царство|византиски]] области со постојните упаѓања. На ова војување царот Алексиј му посветил многу внимание и напори. Во три наврати ([[1091]]г., [[1093]]г., [[1094]]г.) лично ги водел походите против немирните [[Срби]]. Вукан не се впуштал во отворена борба против царот, но штом царот се повлечел, тој ги обновувал своите напади. На крајот Алексиј морал да го прекине војувањето во [[Србија]] земајќи заложници и задоволувајќи се со привидното потчинување на Вукан, бидејќи на Царството му се заканувала нова опасност. [[Кумани]]те, неговите бивши сојузници упаднале на византиска територија и допреле, ограбувајќи и палејќи до [[Едрене]]. Наездата на Куманите се чинела особено опасна затоа што на чело на ордите на Куманите стоел човек којшто се придржувал како Константин Диоген, син на царот [[Роман IV Диоген]], и претендирал на византискиот престол. Всушност учеството на лажниот Диоген му ја олеснила работата на византискиот цар. Откако успеале со измама да го фатат претендентот, [[Ромеи|Византијците]] ги растерале Куманите коишто останале без водач.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 432-433.</ref>
===Првата крстоносна војна===
Во [[Прва крстоносна војна|крстоносната војна]] дошла до нов израз намерата на [[Папска држава|папството]] за проширување на своето влијание на [[Православие|христијанскиот Исток]]. Апелот на [[папа]]та [[Папа Урбан II|Урбан II]] на Клермонскиот собор наишол на уште поголем одек, бидејќи под влијанието на клиниското движење во западниот свет бил завладеан силен верски ентузијазам. Се пробудила желбата за ослободување на [[Света земја|Светата земја]] од [[Муслимани|неверниците]], уште повеќе што со зачестените [[Аџилак|аџилаци]] и неволјите на [[Христијани|христијаните]] во [[Палестина]], кои биле особено тешки по [[Селџучко царство|селџучкото]] освојување на Ерусалим во [[1077]]г., биле добро познати на Запад. Идејата за крстоносната војна во прв ред ги привлекувала [[Феудализам|феудалните]] барони, желни за нови земји и ритерски авантури. Посебно бил примамлив походот на Исток за младите синови на феудалните семејства коишто по принципот на примогенитурата биле лишени од земјишни поседи. Во крстоносната војна тргнале и селските маси бегајќи од немаштијата и презадолженоста. Напротив, на [[Источно римско царство|Византијците]] идејата за крстоносната војна во западната смисла им била целосно туѓа. Борбата со неверниците за нив не претставувала новост. Тие одново ја воделе оваа борба којашто самата судбина им ја наметнала и ослободувањето на Светата земја, прастариот посед на Царството, не го сметале за заедничка христијанска работа, тука за задача на својата држава. Од Запад Византија очекувала наемнички помошни одреди, а не крстоносци.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 434-435.</ref>
 
Во тешките години на наездата на Печенезите царот Алексиј навистина барал помошни воени одреди од западните владетели, како што тоа Византија често го чинела. Меѓу другите, тој му пишувал на грофот [[Роберт Фландриски]], кого лично го познавал од времето на неговиот аџилак во Палестина, барајќи наемничка војска за борба против навалувањето на воиствените турски племиња. Со иста цел тој му се обратил и на Рим и со папата Урбан II водел преговори за унијата. Доаѓањето на крстоносната војска Алексиј ниту го сакал, ниту го очекувал. Со голема загриженост изненадениот цар го посматрал доаѓањето на западните витези коишто почнале да пристигнуваат во мигот кога положбата на неговото Царство значително се поправила и кога самиот тој бил со намера да преземе поход во [[Азија]]. Крстоносците ги спречиле неговите намери и го втурнале Царството, коешто тој по цена на мошне долги и тешки борби најодзади го ослободил од опасноста, во нови недогледни тешкотии, узурпирајќи ја притоа неговата улога на бранител на христијаните на Исток. Иако се уште, никој немал не можел да насети дека крстоносните походи на западните витези против неверниците ќе се претворат во освојувачка војна против христијанска Византија, сепак [[Ромеи|Византијците]] од самиот почеток на крстоносците гледале со голема недоверба. Дури честопари им се чинело дека дошло до непријателска наезда, и мора да се каже дека однесувањето на крстоносците го оправдало тој впечаток.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 435-436.</ref>
 
Прв стигнал [[Петар Пустиник]] од [[Амиен]], кого го следело мноштво сиромаси собрани од сите страни, и веќе на преминот низ [[Кралство Унгарија|Унгарија]] и [[Балкан|балканските]] земји неговите недисциплирани и недоволно снабдени орди толку беспоштедно го ограбувале населението што локалните власти морале против нив да употребат оружје. Доаѓајќи во [[1096]]г. пред [[Цариград]], крстоносците продолжиле со ограбувањето, па царот Алексиј побрзал веднаш да ги префрли преку [[Босфор]]от. Во [[Мала Азија]], во првиот судар со [[Румски султанат|Турците]], тие претрпеле сожалителен пораз. Повеќето изгинале и само еден мал дел пребегнал во Цариград на бродовите коишто византискиот цар им ги ставил на располагање.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 436.</ref>
 
Во текот на последните дваесет години од својот живот Алексеј изгубил голем дел од својата популарност. Тие години биле обележани со прогон на [[Богомили]]те. Исто така, покрај успехот на крстоносната војна, Алексеј морал да одбие голем број напади врз неговата територија од страна на Турците селџуци (во периодот од 1110 до 1117 година).