Алексиј I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 43:
==Владеење==
===Општа ситуација===
[[Податотека:Byzantiumforecrusades.PNG|десно|thumb|300px|Византија во периодот кога Алексеј I дошол на тронот (околу 1081 година)]]
На надворешно-политичко поле, последиците на жалното доба започнало со смртта на [[Василиј II]], а завршило со доаѓањето на престолот на Алексеј Комнен, биле крахот на [[Источно римско царство|византиската]] власт во [[Мала Азија]], губењето на византиските поседи во [[Италија]] и забележителното слабеење на византискиот авторитет на [[Балкан]]от. На внатрешно-политичко поле овој период довел до дезинтеграција на дотогашниот економско-социјален поредок на Византиското царство. Работата за обнова на државата на државата Алексиј I Комнен морал да ја постави врз нови основи и нови чинители станале носители на системот којшто тој го создал. Неговите напори можеле да имаат само делумен и привремен успех. Навистина и во раниот [[Среден век]], во [[VII век|VII]] и [[VIII век]], повеќепати изгледало дека Византиското царство се наоѓа на работ од пропаста. Меѓутоа, тогаш Царството, се располагало со свежи, неистрошени сили коишто овозможиле подлабока и потрајна внатрешна обнова, и Мала Азија, јадрото на Царството, се одржала низ сите кризи и неволји. Затоа тоа можело не само да се воздигне туку и одново да стекне превласт на копно и на море во целото источно [[Средоземје]]. Сега, меѓутоа, внатрешните сили на царството биле исцрпени бидејќи порадокот врз кого се засновала неговата моќ во текот на претходните векови доживеал слом, после што и Мала Азија била напуштена речиси без отпор. Реокупацијата на Мала Азија во времето на [[Династија на Комнените|Комнени]] останала на половина пат, а превласта поморска [[Ромеи|Византијците]] токму во времето конечно ја загубиле. Хегемонија по море извојувале, и во економски и во стратешки поглед, италијанските градски републики, и тоа историски била најзначајната пресвртница на овааа епоха, којашто не случајно се завршила со византиската катастрофа во [[1204]]г. На големата сила на Комнени и недостигала цврста внатрешна основа и поради тоа нивната политика не можела да вроди со трајни успеси, колку и да била вешта и колку и да биле импозантни нејзините достигнувања.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 427-428.</ref>