Алексиј I Комнин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 45:
На надворешно-политичко поле, последиците на жалното доба започнало со смртта на [[Василиј II]], а завршило со доаѓањето на престолот на Алексеј Комнен, биле крахот на [[Источно римско царство|византиската]] власт во [[Мала Азија]], губењето на византиските поседи во [[Италија]] и забележителното слабеење на византискиот авторитет на [[Балкан]]от. На внатрешно-политичко поле овој период довел до дезинтеграција на дотогашниот економско-социјален поредок на Византиското царство. Работата за обнова на државата на државата Алексиј I Комнен морал да ја постави врз нови основи и нови чинители станале носители на системот којшто тој го создал. Неговите напори можеле да имаат само делумен и привремен успех. Навистина и во раниот [[Среден век]], во [[VII век|VII]] и [[VIII век]], повеќепати изгледало дека Византиското царство се наоѓа на работ од пропаста. Меѓутоа, тогаш Царството, се располагало со свежи, неистрошени сили коишто овозможиле подлабока и потрајна внатрешна обнова, и Мала Азија, јадрото на Царството, се одржала низ сите кризи и неволји. Затоа тоа можело не само да се воздигне туку и одново да стекне превласт на копно и на море во целото источно [[Средоземје]]. Сега, меѓутоа, внатрешните сили на царството биле исцрпени бидејќи порадокот врз кого се засновала неговата моќ во текот на претходните векови доживеал слом, после што и Мала Азија била напуштена речиси без отпор. Реокупацијата на Мала Азија во времето на [[Династија на Комнените|Комнени]] останала на половина пат, а превласта поморска [[Ромеи|Византијците]] токму во времето конечно ја загубиле. Хегемонија по море извојувале, и во економски и во стратешки поглед, италијанските градски републики, и тоа историски била најзначајната пресвртница на овааа епоха, којашто не случајно се завршила со византиската катастрофа во [[1204]]г. На големата сила на Комнени и недостигала цврста внатрешна основа и поради тоа нивната политика не можела да вроди со трајни успеси, колку и да била вешта и колку и да биле импозантни нејзините достигнувања.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 427-428.</ref>
 
Навистина политиката на Алексиј Комнен уште од првите негови чекори открива една извонредна вештина. Ситуацијата била повеќе од критична: војската упропастена, државната благајна празна, а од сите навалувале сите непријатели: [[Нормани]], [[Печенези]], [[Румски султанат|Селџуци]]. Во почетокот Алексиј морал да се помири со тоа дека Мала Азија се наоѓа во рацете на [[Селџуци|Турците]]. Не можел да стори ништо друго освен да му ја препушти изгубената територија на [[Сулејман (румски султан)|Сулејман]] како земја за населување на неговоте војници. На тој начин барем привидно биле зачувани врховните права на Византија, бидејќи била одржана фикцијата дека Селџуците ја зазеле византиската територија со согласност на царот, како негови федерати, а не како суверена странска сила. Сите свои сили Алексиј морал да ги сосредочи на борбата со Норманите, бидејќи по освојувањето на византиските територии во јужна Италија, [[Роберт Гвискард]] се свртел кон источниот брег на [[Јадран]]. Крајната цел на големиот нормански војвода била, ни помалку ни повеќе, туку освојувањето на Византиското царство, а прва мета му бил [[Драч]], од каде што се отворал патот за [[Цариград]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 428-429.</ref>
 
===Сојузот со Венеција против Норманите===
Без доволно војска, без пари, Алексиј I морал веднаш по доаѓањето на престолот да стапи во борба и да го брани самиот опстанок на своето царство. Тој морал да ги прекова во пари црковните садови за да ја плати војската, којашто главно се состоела од странски наемници, во значителен дел од [[Англија|англиски]] [[Нормани]]. Но борбата не можела да се води само со овие сили и затоа царот на сите страни барал сојузници, водел преговори и со [[папа]]та [[Папа Грегориј VII|Григориј VII]] и со царот [[Хенрик IV (Свето римско царство)|Хенрик IV]], и најодзади успеал да обезбеди помош од [[Венецијанска Република|Венецијанците]]. Венецијанската република се согласила да ја помогне [[Источно римско царство|Византија]] во борбата против Норманите, почитувајќи го принципот врз кој се темелела нејзината целокупна политика. Како поморска сила Венецијанците пред се барала да осигураат за себе слобода на движење во [[Јадранско Море|Јадранското МораМорe]] и да спречат било која да се зацврсти на едниот или на другиот брег од Јадран. А токму тие се обидувалеЈадранот. А токму тоа се обидувал да го стори [[Робет Гвискард]] и поради тоа тој во моментот бил непријател на ВенезијанцитеВенецијанците, а византискиот цар нивен природен сојузник. За Византија подршката на венецијанските поморкски сили била дотолку подрагочена бидејќи нејзината флота била во уште полоша состојба одошто нејзината копнена војска, такашто на море Византија била целосно немоќна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 429-430.</ref>
 
Венецијанската република не ги изневерила надежите кои царот Алексиј во неа ги полагал. Таа на норманските кораби им задала тежок пораз којшто ги натерал да ја прекинат опсадата на [[Драч]] од море. На копно, меѓутоа, опсадата била продолжена и по побадата над царската војска во октомври на Драч. Портата на Византија му била отворена на Гвискард. Неговите трупи продреле длабоко во византиските земји, поминале низ [[Епир]], [[Македонија]] и [[Тесалија]] и ја опседнале [[Лариса]]. Меѓутоа, во јужна [[Италија]] со дејствување на царските приврзаници било предизвикано востание, па уште во [[пролет]]та [[1082]]г. Роберт Гвискард морал да го напушти [[Балкан]]от откако командувањето со норманската војска му го предал на својот син [[Боемунд Тарентски|Боемунд]]. Со времето јакнел византискиот отпор и под притисок на царската војска почнало повлекување на Норманите. Меѓутоа, како сојузници на царот, Венецијанците го запоседнале Драч. Роберт Гвискард успеал да го совлада востанието и одново да стапи во акција, но во почетокот на [[1085]]г. умрел од [[чума]]. Немирите коишто по неговата смрт настанале во јужна Италија за подолго време ја ослободиле Византија од норманската опасност.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 430.</ref>
 
Византија скапо ја платила венецијанската помош. Со договорот од [[мај]] 1082г. венецијанскиот дужд добил, за себе и неговите наследници, титула протосеваст со соодветните годишни принадлежности, патријархот на [[Венеција|Градот]] добил титула ипертим, а венецијанската црква годишна супсидија од 20 фунти злато. Главното било во тоа што Венецијанската република добила мошне далекусежни трговски привилегии. Отсега венецијанските трговци имале право во сите делови на Византиското царство, па и во самиот [[Цариград]], слободно да тргуваат со секква стока, не плаќајќи никаква царина. Според тоа тие биле ставени во значително поповолна од домашните византиски трговци. Освен тоа, Венецијанците добиле стоваришта во Цариград и пристаништа во Галата. Со овие концесии поставен бил темелот на економската моќ на Венецијанците на Исток, на голема и трајна штета на византиската трговија. Тоа не го променил ни фактот што Венецијанците и натаму формално го признавале суверенитетот на византискиот цар и што венецијанските дуждови се кителе со византиските дворски титули. Венецијанската република од тогаш станала пресуден чинител во економските и политичкиот развиток на Византиското царство.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 430-431.</ref>
 
===Хрватска и Зета===
Посебна улога во [[Источно римско царство|византиско]]-[[Нормани|норманската]] војна одиграле блиските [[Јужни Словени|јужнословенски]] земји коишто борбата на големите сили за превласт на [[Јадран]]от непосредно ги погаѓала. [[Дубровник]] и другите [[Далмација|далматински]] градови, а се чини и [[Кралство Хрватска|Хрватска]], застанале на страната на Норманите. [[Дукља|Зетскиот]] крал [[Константин Бодин]], после долги колебања, му се придружил на византискиот цар. Меѓутоа, во одлучувачката битка за [[Драч]] тој не учествувал туку се повлекол со своите трупи и со тоа натамошните борби на Византија против Норманите, како и против [[Печенези]]те, Бодин ги исползувал за проширување на својата власт над [[Рашка]] и [[Босна (регион)|Босна]]. Потоа од Рашка започнале нападите врз византиската територија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 431.</ref>
 
===Односот со турските народи===
Само што се ослободил од [[Нормани]]те, Алексиј Комнен морал да стапи во војна против [[Печенези]]те. Опасноста од Печенезите, којашто во текот на последните децении постојано лебдела над [[Источно римско царство|Царството]], се заострила уште повеќе со подршката којашто Печенезите ја имале од страна на [[богомили]]те. Кризата достигнала врв кога Печенезите, по жестоките пресметки со царските трупи, во [[1090]]г., допреле речиси до самите [[Цариград|цариградски]] ѕидини. За да биде несреќата уште поголема Цариград истовремено бил нападнат и од море. Емирот на [[Емират Смирна|Смирна]] - [[Чаха]], еден од [[Селџуци|селџучките]] емири коишто по смртта на [[Сулејман (румски султан)|Сулејман]] ([[1085]]г.) го поделиле неговото наследство, склучил сојуз со Печенезите и со својата флота тргнал на византиската престолнина. Чаха, некогаш како заробеник, живеел на дворот на [[Никифор III Вотанијат]] и ги познавал методите на византиското војување. Тој знаел дека одлучувачкиот удар на Цариград може да му се зададе само од море. Опседнат од копно и од море, Цариград во 1090/[[1091|91]]г. зимата ја преживеал со тешки грижи и стравувања. И овојпат само помошта од надвор можела да донесе спас. Во својата безизлена положба Алексиј I им се обратил на [[Кумани]]те и, испраќајќи богати дарови за нивните челници, побарал од нив помош против Печенезите.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 432.</ref>
 
Куманите продреле во јужно-[[Русија|руската]] рамница зад Печенезите и [[Узи (народ)|Узите]], и како и нив биле вистинско [[номади|номадско]] племе. Ако не според етничкото потекло тогаш секако според јазикот биле [[Турски народи|Турци]]. Од ова воинствено племе сега зависела судбината на Византиското царство. Желно очекувани, Куманите стигнале во [[пролет]]та [[1091]]г. и на [[29 април]] во подножјето на [[Лебунион]] дошло до огорчена битка меѓу Печенезите од една и Куманите и Византијците од друга страна. Печенезите претрпеле страотен пораз. Силниот впечаток што го оставила оваа битка се согледува во зборовите на [[Ана Комнена]]: „Цел еден народ кој броеше милијарди е уништен за еден ден“. Цариград бил спасен. Со битката кај Лебунион биле попречени и плановите на Чаха. Сега царската флота успеала да го порази, а наскоро тој целосно бил исфрлен од играта со вештата дипломатија на Алексиј. Како што против Печенезите ги употребил Куманите, така сега Алексиј против Чаха го искористил неговиот зет, [[Никејски емират|никејскиот]] емир [[Абул Касим]], склучувајќи сојуз со него, а потоа и со неговиот наследник, [[Сулејман (румски султан)|Сулејмановиот]] син [[Килиџ Арслан I|Килиџ Арслан]]. Оставајќи ги селџучките емири меѓусебно да се пресметуваат, Алексиј се свртел кон други задачи.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 432-433.</ref>
 
===Рашка и нападот на Куманите===
Ослободувањето на [[Цариград]] му овозможило да завојува против [[Рашка|рашкиот]] жупан [[Вукан Рашки|Вукан]], којшто ги вознемирувал пограничните [[Источно римско царство|византиски]] области со постојните упаѓања. На ова војување царот Алексиј му посветил многу внимание и напори. Во три наврати ([[1091]]г., [[1093]]г., [[1094]]г.) лично ги водел походите против немирните [[Срби]]. Вукан не се впуштал во отворена борба против царот, но штом царот се повлечел, тој ги обновувал своите напади. На крајот Алексиј морал да го прекине војувањето во [[Србија]] земајќи заложници и задоволувајќи се со привидното потчинување на Вукан, бидејќи на Царството му се заканувала нова опасност. [[Кумани]]те, неговите бивши сојузници упаднале на византиска територија и допреле, ограбувајќи и палејќи до [[Едрене]]. Наездата на Куманите се чинела особено опасна затоа што на чело на ордите на Куманите стоел човек којшто се придржувал како Константин Диоген, син на царот [[Роман IV Диоген]], и претендирал на византискиот престол. Всушност учеството на лажниот Диоген му ја олеснила работата на византискиот цар. Откако успеале со измама да го фатат претендентот, [[Ромеи|Византијците]] ги растерале Куманите коишто останале без водач.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 432-433.</ref>
Во текот на последните дваесет години од својот живот Алексеј изгубил голем дел од својата популарност. Тие години биле обележани со прогон на [[Богомили]]те. Исто така, покрај успехот на крстоносната војна, Алексеј морал да одбие голем број напади врз неговата територија од страна на Турците селџуци (во периодот од 1110 до 1117 година).
 
Алексеј долго време бил под силно влијание на неговата мајка [[Ана Даласена]], која наместо својата сопруга ([[Ирина Дукина]]) ја крунисал како АугустаАвгуста. Даласена била ефикасен администратор на империјата за сето време долгите воени кампањи кои Алексеј I ги водел. Таа била постојано во судир со нејзината [[Ирина Дукина|снаа]] и ја преземала целосната одговорноста за воспитувањето и образованието на нејзината внука [[Ана Комнена]].
 
== Византиско-Нормански војни ==