Разлика помеѓу преработките на „Јустинијан II“

Додадени 90 бајти ,  пред 5 години
нема опис на уредувањето
Во [[692]] година Јустинијан го нарушил мирот со [[Арапи]]те<ref name="Norwich, pg. 328">Norwich, pg. 328</ref>, но бил поразен од војските на Абд-Алмалик во [[Киликија]]. Поразот претставувал и последица од измамата на дел од доведените [[Словени]]. Тогаш Јустинијан наредил да се убијат близина Никомедија и оние Словени, кои му останале верни. Резултат од поразот било губењето на јужна [[Ерменија]], каде застанал Симбатиј.
 
Омразата на народот се зголемила особено поради злоупотребите и уцените на јустинијановите омилени луѓе - Теодот и Стефан, од кои првиот бил министер за финансии (ό γενικός λογοθέτης), а Стефан сакелариј на царот<ref name="Ostrogorsky, pgs. 116-122">Ostrogorsky, pgs. 116–122</ref>.
 
Едно од поголемите настани во црковниот живот бил црковниот собор во [[692]] година познат како Трулски собор, но самите одлуки не биле признаени од папата Сергиј. Обидите на Јустинијан II да го принуди папата да ги прифати одлуките останале неуспешни.
Соборувањето на Јустинијан II не довело до подобрување на внатрешната и надворешната состојба на империјата, напротив, следувал 20-годишен период на немири и нестабилност и истиот завршил по повторното зазимање на престолот од страна на Јустинијан.
 
Додека бил во егзил, градот [[Картагина]] и остатокот од провинциите во [[Африка]] биле освоените од [[Арапи]]те, кои продолжувале да се закануваат и по источната граница. Поради поразите и неуспесите, императорите останувале закратко на власт - по некое Леонтиј исто така бил соборен, а престолот бил зафатен од [[Тибериј III Апсимар]]. Тогаш Јустинијан Ринотмет успеал да побегне од заточение, прво кај Хазарите, потоа кај Бугарите, за да во 705 година застане пред портите на Константинопол, заедно со 15,000 војска составена од Словени и Бугари, на чело со [[хан Тервел]]<ref name="Norwich, pg. 336">Norwich, pg. 336</ref>. Јустинијан и неговите приврзаници тајно успеале да влезат во главниот град преку еден неискористен аквадукт и успеале да направат преврат.
 
== Второ управување ==
Откако Јустинијан II Ринотмет го освоил главниот град и повторно го зазел престолот, тој се одмаздил на суров начин на своите противници, и тоа поранешните цареви Тибериј и Леонтиј, кои биле обезглавени јавно на хиподромот, а патријархот Калиник е ослепен и прогонет.
 
За поддршката бугарскиот хан Тервел бил богато награден. Тервел бил првиот невизантиец, кој ја добил титулата Кесарија ('''Цезар''')<ref name="Bury, pg. 361">Bury, pg. 361</ref>. Тој освен тоа го добива управувањето на областа Загора (североисточна Тракија), како и големо количество пари, злато, сребро и други скапоцености.
 
Второто владеење на Јустинијан (од [[705]] до [[711]] година) се покажало како уште поголем неуспех за разлика од првото управување. Војната со Арапите повторно тргнала на лошо: Византијците ја загубиле Мопсуеста и Тијана, во 709 година Арапите влегле дури во [[Тракија]]. Поразите на [[Византија]] довече до делумна загуба на [[Кападокија]] и [[Киликија]]<ref name="Norwich, pg. 339">Norwich, pg. 339</ref>. Барајќи реванш против Бугарите, Јустинијан II заминал во североисточна [[Тракија]] во [[708]] година, но бил поразен и опколен во [[Анхиало]]. Императорот се повлекол по море и наскоро го обновил мирот со Бугарија.
 
Во 711 година Јустинијан II испратил во Крим флота и војска, која требало да го казни на Керсон бидејќи не го подржал на царот за време на неговите походи, но војниците се побуниле и го прогласуваат за император Филипик Вардан. Додека Јустинијан собирал армија во Мала Азија, Филипик го освоил Константинопол и го убил Тибериј, малолетниот син на Јустинијан. Самиот Јустинијан бил напуштен од повеќето армии и бил заробен и обезглавен во декември 711 година, недалеку од главниот град.
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}