Јустинијан II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31:
 
За поддршката бугарскиот хан Тервел бил богато награден. Тервел бил првиот невизантиец, кој ја добил титулата Кесарија (Цезар). Тој освен тоа го добива управувањето на областа Загора (североисточна Тракија), како и големо количество пари, злато, сребро и други скапоцености.
 
Второто владеење на Јустинијан (од 705 до 711 година) се покажало како уште поголем неуспех за разлика од првото управување. Војната со Арапите повторно тргнала на лошо: Византијците ја загубиле Мопсуеста и Тијана, во 709 година Арапите влегле дури во Тракија. Поразите на Византија довече до делумна загуба на Кападокија и Киликија. Барајќи реванш против Бугарите, Јустинијан II заминал во североисточна Тракија во 708 година, но бил поразен и опколен во Анхиало. Императорот се повлекол по море и наскоро го обновил мирот со Бугарија.
 
Во 711 година Јустинијан II испратил во Крим флота и војска, која требало да го казни на Керсон бидејќи не го подржал на царот за време на неговите походи, но војниците се побуниле и го прогласуваат за император Филипик Вардан. Додека Јустинијан собирал армија во Мала Азија, Филипик го освоил Константинопол и го убил Тибериј, малолетниот син на Јустинијан. Самиот Јустинијан бил напуштен од повеќето армии и бил заробен и обезглавен во декември 711 година, недалеку од главниот град.
 
Ова значело крај за Ираклиевата династија.
{{Шаблон:Византиски владетели}}