Јустинијан II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
Со неговата смрт бил ставен крај на Ираклиевата династија.
 
== Прво управување ==
 
Јустинијан II стапил на престолот во 685 година кога имал 16 години. Карактеристично за него била големата суровост и деспотизам кои наскоро го направиле објект на омраза од страна на населението.
 
Во 688-690 година Византија водела два кратки конфликти со Бугарија, прекршувајќи го мировниот договор од 681 година. Византијците успеале да заробат значителен број Словени од Македонија. Јустинијан II ги преселил заробените Словени во Мала Азија и образувал од нив одред од 30 илјади луѓе.
 
Во 692 година Јустинијан го нарушил мирот со Арапите, но бил поразен од војските на Абд-Алмалик во Киликија. Поразот претставувал и последица од измамата на дел од доведените Словени. Тогаш Јустинијан наредил да се убијат близина Никомедија и оние Словени, кои му останале верни. Резултат од поразот било губењето на јужна Ерменија, каде застанал Симбатиј.
 
Омразата на народот се зголемила особено поради злоупотребите и уцените на јустинијановите омилени луѓе - Теодот и Стефан, од кои првиот бил министер за финансии (ό γενικός λογοθέτης), а Стефан сакелариј на царот.
 
Едно од поголемите настани во црковниот живот бил црковниот собор во 692 година познат како Трулски собор, но самите одлуки не биле признаени од папата Сергиј. Обидите на Јустинијан II да го принуди папата да ги прифати одлуките останале неуспешни.
{{Шаблон:Византиски владетели}}