Константин IX Мономах: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 43:
Интересно е тоа што централната власт која е попустлива во се, во едно останала упорна и не ја испуштила контролата од свои раце. Таа не престанала да го контролира бројот на на париците на феудалните поседи. Не спречувајќи го веќе порастот на феудалните поседи, царската власт не го допуштала своеволното зголемување на париците на поседите, туку стриктно во секој поединечен случај го одредувала нивниот максимален број. Тоа покажува уште еднаш дека во борбата којашто се водела меѓу централната власт и феудалците околу малите имоти, не било најважно прашањето на самата земја, туку прашањето на нејзините сопственици - селаните. Изгубувајќи ја битката, централната власт продолжила уште прилично извесно долго време да се бори за селската работна сила.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 397.</ref>
 
Во ова време првпат се јавил и системот на пронија. Како награда за службувањето, византиските великодостојници добивале во пронија извесни имоти. Земјата се добивала на пронија на извесен рок, обично до смртта на прониерот. За разлика од наследството, пронијата била условна сопственост и барем во почетокот не била наследна ниту можела да се отуѓува. Големо значење ќе добие системот на пронија дури подоцна, но карактеристично било што почетоците на овој систем паѓаат во оваа епоха на првиот голем полет на феудалните сили. првиотПрвиот познат прониер не бил никој друг туку главниот министер на царот Константин IX Мономах, [[Константин III Цариградски|Константин Лихуд]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 397-398.</ref>
 
Откако изгубила голем дел од даночните приходи по опаѓањето на селанските имоти и давањето привилегии на велепоседниците, царската влада прибегнала кон системот на издавање на даночните приходи под накуп. Накупците се обврзувале во извесен округ да соберат и на државната благајна да и достават одредена сума пари и тоа обично значително поголема од онаа што во тој округ редовно се добивала. Природно покрај тоа тие настојувале од населението да соберат што поголема сума за сопствена полза. Сето ова значи дека феудалните велепоседници (прониарите и крупните наследници) и приватните претприемачи (наемателни на данок) ги одржувале своите сопствени управни апарати кои личеле на државен апарат и кои постоеле паралелно со него. Ова исто така значи дека се зголеумвал товарот врз населението од што државата имала само ограничена полза.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 398.</ref>
 
Финанскиското растројство на византиската држава се манифестирало на виден и мошне кобен начин во расипувањето на парите. Државата била принудена при ковањето пари на златото да му додава метали од помала вредност. Византискиот златник, кој со векови не знаел за поголеми колебања на курсот, сега нагло почнал да ја губи вредноста и големиот углед што го уживал во целиот свет.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 398.</ref>
 
===Војска===