Битка кај Хазир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
По освојувањето на Ерусалим, калифот Омер се вратил во Медина и следејќи ги неговите упатства, Јазид се упатил кон Кесарија и уште еднаш започнал опсада. Додека Амр и Шарабил марширале кон Палестина и Јордан, Абу Убаид и Халид ибн ал-Валид со армија од околу 17,000 војници заминале од Ерусалим со задача да биде освоена северна Сирија. Абу Убаид заминал кон Дамаск кој бил под муслиманска власт, а од таму кон Емеса. По неколку дена тие пристигнале пред Хазир, место кое се наоѓа недалеку од Кинасрин. Византискиот командант на Кинасрин бил Менас, кој бил истакнат војник. Тој знаел дека кога решил да не се повлече кон Анадолија, дека еден ден неговите земји некогаш ќе бидат нападнати и дека ќе мора да се предаде, бидејќи немало никаква помош од императорот. Поради тоа, тој решил да преземе офанзива пред муслиманските сили да пристигнат кон градот. Така со сила од околу 70,000 војници тој започнал напад.
 
== Битка ==
 
Битката започнала кога Халид ги распоредил своите сили во борбена формација. Менас својата армија ја организирал во еден центар и две крила и самиот бил во првите редови како лидер на армијата. Така наскоро започнала жестока битка. Уште на почетокот лидерот Менас бил убиен. Кога веста за неговата смрт се расширила меѓу христијаните, тие гневни сакале да се одмаздат. Во меѓувреме, Халид започнал напад со коњаницата кон крилните позиции. Наскоро целата византиска армија била опкружена и ниту еден византиски војник не преживеал.