Апостол Андреја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
сНема опис на уредувањето
Ред 29:
'''Свети Андреј(а) Првоповикан''' е [[христијанство|христијански]] [[светец]], еден од [[Дванаесет Апостоли|дванаесетте апостоли]] на [[Исус Христос]]. Тој има значајно место во христијанската религија и во народниот живот, иако со неговото име и неговиот ден се поврзани малку обичаи и верувања.
 
== Живот ==
Тој е син на [[Јонин]] и брат на [[Свети Петар]]. Роден е во [[Витсаида]] на брегот на [[Генизаретско Езеро|Генизаретското Езеро]] и по занимање бил рибар. Се смета дека пред да стане [[апостол]], Андреја бил ученик на [[Јован Крстител]]. Но според [[Евангелие|Евангелието]] на Јован, а кога Јован покажувајќи кон Исус рекол: „''Еве тоа е јагнето Божје што ги собира сите гревови на овој свет''“ тогаш [[Исус]] го повикал, отука и е наречен Првоповикан<ref>http://www.mn.mk/kultura/952-Sveti-apostol-Andrej-Prvopovikan</ref>. Андреја станал прв Исусов ученик и никогаш повеќе не се одделил од него.Присуствувал на сите големи настани поврзани со [[Исус Христос]], потоа кога Исус им се јавил на апостолите по Воскресението, на Вознесението, како и на слегувањето на Светиот Дух. Во своето верување во [[Исус Христос]], го повикува и братот си Свети Петар. Својата вера ја проповедал во Мала Азија, Грузија и Скитија поради кое се сметан за покровител на [[Романија]] и [[Русија]]. На [[Пелопонез]] во градот [[Патрас]] излечил многу болни и многу придобил за христијанската вера. Дури ги придобил и братот и снаата на градоначалникот поради што овој наредил да биде распнат на [[крст]] но не како Исус, туку во форма на буквата Х. Два дена и две ноќи 70-годишниот Свети апостол Андреја се мачел пред да испушти душа.