Роман III Аргир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 26:
 
==Стекнување царска власт==
Прашањето за наследството на престолот се поставило мошне остро бидејќи стариот цар [[Константин VIII]] немал машки деца. Неговата најстара ќерка Евдокија, заболена и осакатена од сипаници, се закалуѓерила уште на млади години. На двете помлади ќерки [[Зоја Порфирогенита|Зоја]] и [[Теодора Порфирогенита|Теодора]], иако веќе биле во повозрасно доба, им преостанала значителната улога во [[Источно римско царство|византиската]] историја на следните децении. За чудо, Константин VIII дури на смртниот одар се сетил да омажи една од нив и да и избере достоен епарх. Неговиот избор паднал на [[цариград]]скиот [[Епархија|епарх]] Роман Аргир. Позицијата на цариградскиот епарх секогаш била сметана за особено почесна. Во [[XI век]] неговото значење се зголемувало. Уште во „Книгата за церемониите“ на [[Константин VII Порфирогенит|Порфирогенит]] се вели дека епархот е татко на градот, но дури подоцна, Михаил Псел, писателот на XI век, ќе рече дека тоа е царска функција на која и недостатува само царски порфир. Како носител на ова високо удостоение и како претставник на едно од најугледните магнатски семејства, Роман Аргир бил најистакнатиот претставник на цариградското чиновничко благородништво. На [[12 ноември]] [[1028]] година, тој се венчал со педесетгодишната Зоја, а три дена потоа, по смртта на Константин VIII, стапил на престолот.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 386-387.</ref>
 
==Владеење==
===Влијание===