Василиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 104:
 
Внатрешните неспогоди му ја олесниле работата на освојувачот. Самоиловиот син и наследник [[Гаврило Радомир]] паднал веќе во [[1015]]г. Него и неговата жена ги убил неговиот братучед [[Јован Владислав]], синот Аронов. Истата судбина го снашла и неговиот зет, зетскиот [[Јован Владимир]], кого Јован Владислав на измама го фатил и го убил. Војувањето било сведено на ликвидирање на одделни точки на отпор, бидејќи војводите на царот јуначки се уште му пркоселе на победителот. Најпосле, во [[февруари]] [[1018]]г., при опсадата на Драч, загинал и самиот Јован Владислав. Војната завршила со свеченото влегување на Василиј II во [[Охрид]]. На портата од Самоиловата престолнина тој примил изјава на покорност од царицата Марија, Владиславата вдовица, и од другите преживеани членови на царската куќа. Неговата цела постигната: Македонското царство со кое тој бил во непријателство и војувал повеќе од три децении, најпосле било срушено. Обиколувајќи ја покорената земја Василиј II насекаде ја обновувал византиската власт и по градовите поставувал свои команданти. На крајот ја посетил и [[Атина]]. Во [[Партенон]], одамна претворен во [[црква]] на [[Богородица Марија|Богородица]], било одржано благодарствување, со што на впечатлив начин било одбележано победоносното завршување на војната која го издигнала Византиското царство до ненасетувана височина.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 372-373.</ref>
 
===Воено делување на Кавказот===
Во последните години на својот живот тој успеал значително да ја пришири [[Источно римско царство|византиската]] власт спрема [[Кавказ|кавкаското]] подрачје. По смртта на [[Ерменија|ерменскиот]] крал [[Гагик I]] ([[990]]-[[1020]]), за чие време државата на [[Династија на Багратидите|Багратидите]] го доживеала својот најголем полет, во Ерменија избувнале немири. Тоа му пружило можност на византискиот цар да се замеша во ерменските прилики што тој и го сторил со успех. Васпурканската област и [[Иберија (Кавказ)|Иберија]] биле присоединети кон Византиско царство, додека областа Анија му останала на кралот [[Јован Смбат]], син и наследник на Гагик I, како доживотна сопственост, со тоа што по неговата смрт да и припадне на Византија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 377-378.</ref>
 
==Смрт==
Василиј II подготвувал голема експедиција против Арабјаните на [[Сицилија]]. Но на [[15 декември]] [[1025]] година тој умрел. Оставил империја која се протегала од [[Ерменија|ерменските]] планини до [[јадранско Море|Јадран]] и од [[Еуфрат]] до [[Дунав]]. На нејзиното подрачје се наоѓале многу [[Јужни Словени|јужнословенски]] земји, а и [[Киевска Русија]] била вклучена во сферата на нејзиното влијание.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 378-379.</ref>
 
== „Хроника“ на Јован Скилица ==