Стрип: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Промоција на стрипот во Македонија: Дополнување на текст со информација за ново стрип списание ,како и наведување на изворот
Ред 103:
 
*'''Третата фаза''' од развитокот на стрипот во Македонија го опфаќа периодот од почетокот на седумдесеттите години до денес. Како припадници на иста генерација [[Роберт Дандаров]] и [[Дине Балтаков]], иако едниот од Скопје, а другиот од Струмица, развиле сроден пристап кон стрипот, што се именува како „Поетска фантазија". Својот прв стрип Дандаров го нацртал 1981 година, и го објавил во „Студентски збор" под насловот „Икар". Дандаров е автор и на стриповите „Рембрант", „Фигаро",„Егзекуција", „Кукла" и др. Во декември 1981 година Дине Балтаков го нацртал својот прв стрип „Саем на тутун" што го објавил во „Студентски збор". Најзначајниот претставник на т.н „реалистички тенденции" во третата фаза на стриповите развој кај нас е Ласко Џуровски кој својот прв стрип го реализирал во 1978 година, а година дена подоцна во „Млад борец" го објавил својот „Стрип за малоумни". [[Јорданчо Давидовски]] е вториот припадник на реалистичката тенденција во македонскиот стрип. Тој во 1983 година го изработил својот прв стрип „Убиецот" а автор бил на цртежот за стриповите „Гладијатор", „Повратници" и други. Почетокот на осумдесеттите години за македонскиот стрип биле особено значајни. Новиот авторски бран цртачи, на страниците на младинскиот печат, започнал да ги објавува своите „нови квадрати" донесувајќи го современиот сензибилитет што во бившите југословенски простори (најмногу во Белград и Загреб) се остварил цела една деценија порано, но и заради уште еден интересен феномен: појавата на првата целовита стрип-група, скопската „Туш-лабораторија" во 1982 во која членувале цртачите Игор Тошевски, Камиловски, [[Томислав Османли]], „задолжен" за теорија на стрипот, [[Ванчо Полазаревски]] (сценарист) и цртачот [[Кочо Трајановски]]. Јавувајќи се 1979 година во „Млад борец" со својот стрип „Цезар и Брут", Зоран Јаневски го најавил „андеграунд" стрипот со сите негови побитни карактеристики: од неговиот тематски и идеен интелектуализам, преку цинизмот и анти-дидактичноста, сe до поедноставениот, редуциран цртеж. Јаневски ги објавил уште и стриповите „Штиркачи на кошули", „Грешкиче", „Сфингата и селанецот - нова легенда", „Компјутер" и др
Што се однесува од аспект на постоењето на стрип организации кај нас треба да се нагласи делувањето на Стрип центар на Македонија со седиште во Велес -СЦМ СЦМ-Велес во своето делување:
 
-преку своите проекти а посебно преку традиционалниот стрип салон во Велес овозможи контакти на македонските стрип автори со стрип чинители од други земји -преку ревиите „СТРИП АРТ “ и „СТРИП КРЕАТОР“ “(единствена постојана стрип публикација кај нас која излегува од 2003 г) и СТРИП АЛМАНАХ( првиот број излезе во јули 2015 г) македонските автори континуирано ги објавуваат своите стрип дела(доста од нив и дебитантски)
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стрип