Роман I Лакапин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox royalty |император |name =Роман I |full name =Роман I Лакапин<br /> Ρωμανός Α΄ Λακαπη...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
|mother =
}}
'''Роман I Лакапин''', или само '''Лакапин''', (о. 870г. - 15 јуни 948г.), бил [[Источно римско царство|византиски]] император од 920г. до 944г. Тој бил [[Ерменци|Ерменец]] кој станал византиски поморски командант (друнгаријатдрунгарија), кој подоцна му станал дедо (тест) на малотетниот цар [[Константин VII Порфирогенит]], па станал негов совладетел, за потоа да си се постави за постар (прв) цар на Царството се до неговото исфрлање од тронот од страна на неговите синови на 16 декември 944г.
 
==Потекло и воена функција==
Роман Лакапин бил син на обичниот стратиот - Теофилакт Абастакт, кој и сам ја започнал кариерата како војник на темата [[Арменијака (тема)|Арменијака]]. Тој бил на чело на [[Источно римско царство|византиската]] морнарица, односно бил друнгарија на царската флота. Во тоа време [[Прво бугарско царство|Бугарија]] на чело со царот [[Симеон I|Симеон]] ја нападнал Византија која била водена од регентството под водство на царицата Зоја, мајка на [[Константин VII Порфирогенит]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 319.</ref>
 
===Роман Лакапин како регент на Константин VII===
Ако регентството на [[Цариградска патријаршија|патријархот]] [[Никола I Цариградски|Никола Мистик]] паднало поради тоа што било премногу попустливо спрема [[Симеон I|Симеоновите]] барања (неговата ќерка да се омажи со [[Константин VII Порфирогенит]]), истовремено владата на царицата Зоја морала да падне затоа што нејзиниот непопустлив став бил во очигледна несогласност со нејзините сили и способности. Тешката положба во која западнало [[Источно римско царство|Царството]] барала јака и енергична влада. Единствен човек кој и бил дораснат на ситуацијата бил друнгаријата Роман Лакапин. Тој успеал да ги надитри сите свои [[Аристократија|аристократски]] соперници и да ја земе власта во свои раце. Со голема вештина Роман постепено ја отстранил царицата Зоја и нејзините помагачи и се зацврстил на власта. Младиот цар се оженил во [[мај]] [[919]]г., со Елена, ќерка на новиот регент. Како царев дедо, Роман Лакапин ја добил титулата василеопатор. Но наскоро тој се искачил уште повисоко: на [[24 септември]] [[920]]г. неговиот зет го крунисал за цезар, а на [[17 декември]] истата година за цар-совладетел. Така Роман го постигнал тоа што на [[Симеон I|Симеон]] не му пошло од рака: му станал дедо и совладетел на младиот легитимен цар, па според тоа и господар на Византиското царство.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 320-321.</ref>
 
==Внатрешна политика==
===Роман I и своите синови===
Роман Лакапин ја зацврстил и ја обезбедил својата власт над [[Источно римско царство|Византиското царство]]. Тој долго не се задоволил со позицијата на совладетел на својот млад зет. Наскоро односот меѓу нив и официјално се променил: Роман I станал врховен господар, а Константин VII ја зазел положбата на совладетел на својот дедо. За цареви совладетели биле крунисани и синовите на Роман Лакапин: Христофор на [[20 мај]] [[921]]г., а Стефан и Константин на [[25 декември]] [[924]]г. Притоа и Христофор добил повисок ранг од Константин Порфирогенит, заземајќи ја положбата на втор цар и престолонаследник на својот татко, додека претставникот на легитимната [[Македонска династија]] морал да се задоволи со декоративната улога на трет цар. Така Роман Лакапин покрај Македонската династија создал своја споствена династија и и обезбедил предимство. Тројца негови синови носеле царска титула, а на четвртиот, [[Теофилакт Цариградски|Теофилакт]], му била преодредена духовна кариера: уште како дете тој му бил синкел на [[Цариградска патријаршија|патријархот]] [[Никола I Цариградски|Никола Мистик]], а наскоро и самиот станал патријарх. Владетелскиот систем на Роман Лакапин многу личел на системот што во свое време го создал [[Василиј I Македонецот|Василиј I]]. Но, за разлика од Василиј I, Роман не го отстранил претставникот на легитимната династија по насилен пат, туку го врзал за своето семејство со роднински врски, а потоа постепено, речиси незабележливо го потиснал во позадина.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 327-328.</ref>
 
===Зближување со високите кругови===
Вешт политичар и дипломат, Роман I бил олицетворение на мудра државничка умереност. Полн со енергија и цврста волја, тој ги спроведувал своите планови со ладнокрва истрајност, не навалувајќи но и никогаш не напуштајќи ги своите крајни цели. Покрај тоа имал и една од најважните владетелски доблести: способноста добро да ги избере своите соработници. Во личноста на протовестиаријата, подоцна паракимоменот Теофан, тој нашол вонреден министер, а во Јован Куркуас, кого во [[923]]г. го поставил за доместик на Схола, блескав војсководец. Кога дојденец со непознато потекло, Роман Лакапин не можел да биде по волјата на византиското племство. Меѓутоа, со омажувањето на своите помлади ќерки, свеските на царот [[Константин Порфирогенит]], за претставници на старите аристократски семејства, тој стапил во роднински врски со најистакнатите семејства, како што биле Аргири и Мусели.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 328.</ref>
 
===Односот со патријаршијата и папството===
[[Цариградска патријаршија|Црквата]] му била верна: [[Цариградска патријаршија|патријархот]] [[Никола I Цариградски|Никола Мистик]] бил негов верен соработник, поврзан си пријателство и со заеднички интереси. Приврзаниците на покојниот [[Ефтимиј I Цариградски|Евтимиј]] (умрел во [[917]]г.) повеќе не играле некоја значајна улога, а [[Папска држава|римската црква]], која минувала низ една од најматните епохи на својата историја, му се потчинувала на моќниот цар без поговор. Уште пред Романовото официјално крунисување за цар на Цариградскиот собор во [[920]]г., во присутство на [[Папа|папски]] легати, било донесено решение во врска со браковите на [[Лав VI Мудриот|Лав VI]], со кои четвртиот брак се забранувал, а третиот се осудувал и се допуштал во извесни околности. Оваа одлука му пружила големо морално задоволување на патријархот Никола Мистик, а на Роман му донела двојна добивка, бидејќи му задала тежок удар на угледот на [[Македонска династија|Македонската династија]], а нему му ја припишала улогата на обединител на црквата. По долги, немили расправии, византиската црква изгледала обединета повторно, и Никола Мистик можел во „Томот на обединувањето“ да го извести [[Христијанство|христијанскиот]] свет за својот триумф. Меѓу духовната и световната власт во наредните години владеела слога и соработка која потсетувала на идеалната слика од „Епанагогата“ (дело на [[Василиј I Македонецот|Василиј I]]). Државниот поглавар го поддржувал и патријарховиот морален авторитет, а патријархот во време на борбите против [[Симеон I|Симеон]] настапувал како најверен царев помагач и советодавец.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 328-329.</ref>
 
Меѓутоа, на црковните услови во [[Источно римско царство|Византија]] им недостигала стабилност, дотолку повеќе што положбата на црквата во значителна мерка зависела од личноста на нејзиниот раководител, а за изборот на патријархот фактички решавала царевата волја. По смртта на Никола Мистик ([[925]]г.), односите меѓу државата и црквата во основа се измениле, и од неодамнешниот висок углед на византиската црква не останала ниту трага. По два кратки и безначајни понтификати, патријаршискиот престол долго време бил празен, а потоа царот за патријарх го довел својот шестнаесетгодишен син [[Теофилакт Цариградски|Теофилакт]]. Неговото ракоположување го извршиле во [[933]]г. папските легати, што царот за таа цел ги викнал во Цариград. Младиот патријарх бил слеп извршител на татковата волја.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 329.</ref>
==Надворешна политика==
===Судирот со Симеон I===
Романовото издигнување претставувало тежок удар за [[Симеон I|Симеон]]. Напразно патријархот [[Цариградска патријаршија|патријархот]] [[Никола I Цариградски|Никола Мистик]] се обидувал да посредува, упатувајќи му на Симеон многубројни писма и трудејќи се да го ублажи неговиот гнев и да го наговори на попуштање. Симеон не барал ништо помалку туку неговиот среќен соперник да се отстрани. Затоа што, се дотогаш додека Роман Лакапин ја задржувал својата позиција, сите патишта за остварување на неговата крајна цел останале затворени. Но, за да можело да се отстрани Роман Лакапин постоел само еден начин: освојување на [[Цариград]]. Тоа што Симеон во повеќе наврати ја пустошел [[Тракија]] и повторно го зазел [[Едрене]] ([[923]]г.), битно не ја менувала ситуацијата. Зад моќните цариградски ѕидини, Роман останувал надвор од неговиот дофат и мирно чекал. Господар на ситуацијата бил оној што владеел со Цариград. Симеон тоа добро го знаел, но му недостигала флота без која освојувањето на таа единствена тврдина било невозможно. Оттаму тој склучил договор сојуз со [[Египет|египетските]] Арабјани, кои располагале со силна морнарица, заради заеднички план на Цариград. Меѓутоа, вештата византиска дипломатија го спречила тој план: добивајќи од Византија богати подароци, Арабјаните се откажале од планираниот поход. Кога во [[924]]г. дошол пред Цариград, Симеон, како и [[913]]г., морал да увиди дека неговата сила не им дораснала на цариграските ѕидини и како и тогаш го повикал својот соперник на состанок. Така, [[есен]]та 924г., дошло средба меѓу Симеон и Роман кој, закитен со легендите, им останал на Византијците до долго сеќавање. Но додека состанокот со патријархот Никола Мистик, пред единаесет години, му отворал на Симеон најблескави изгледи изгледи, дотогаш состанокот со царот Роман означувал крај на неговите големи надежи.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 321-322.</ref>
 
За разлика од Зоината влада, Роман I никогаш не го омаловажувал својот голем противник. Во едно писмо до Симеон од 923г. тој енергично протестирал против тоа што Симеон се нарекувал цар на [[Бугари]]те и [[Ромеи]]те. Во наредното писмо, тој додал дека неговиот протест не се однесува на царската титула како таква, туку на Симеоновите претензии да се смета за цар на Римјаните. Иако, нерадо, [[Источно римско царство|Византија]] сепак се помирила со тоа [[Прво бугарско царство|бугарскиот]] владетел да носи царска титула, под услов таа титула да важи само за бугарските земји. Исто така, веќе во [[920]]г. на Симеон му било понудено преку патријархот Никола, да стапи во брачни врски со новиот владеачки дом на Лакапин, што пак значело не мала почест, но немало ништо заедничко со Симеоновите династички планови. Натамошните отстапки Роман решително ги одбивал, па не сакал ни да чуе за територијалните концесии. Всушност, настаните од претходните години покажале дека Симеон, и покрај војничката надмоќност, не бил во состојба да ја спроведе својата програма со оружена сила, а дипломатската вештина на Византијците го доведувала во уште потешка положба.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 322.</ref>
 
Доминирајќи со вкупните збиднување на [[Балкан|Балканскиот Полуостров]], византиско-бугарската борба се повеќе ги зафаќала и другите балкански земји. Византиските и бугарските влијанија посебно се вкрстувале и се судирале во [[Рашка|Србија]]. Српските кнезови биле упатени на подршка од едната или од другата велесила и им служеле како орудие во нивната меѓусебна борба. Час Симеон, час пак Роман Лакапин успевале на српскиот престол да доведат свој штитеник и да го отстрани штитеникот на спротивната страна. Симеон подготвувал нов поход против Византија, но на [[27 мај]] [[927]]г. големиот бугарски владетел ненадејно починал.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 322-323.</ref>
 
===По смртта на Симеон===
По [[Симеон I|Симеоновата]] смрт ситуацијата со еден потег во основа се изменила. Неговиот син [[Петар I (Бугарија)|Петар]] ([[927]]г.-[[969]]г.) не го наследил татковиот воинствен дух, ниту неговите високи стремежи. Натамошната борба изгледала напразна, и Петар побрзал да склучи мир со [[Источно римско царство|Византија]]. Византијците го признавале за цар на [[Прво бугарско царство|Бугарија]] и за жена му ја дале принцезата Марија Лакапин, ќерка на најстариот Романов син Христофор. Призната била и бугарската патријаршија., која, како што изгледа, ја основал Симеон во последните години од неговото владеење. Симеоновите големи воени успеси, значи, не останале без резултат. Навистина, неговиот сон за универзално царство не се остварил, но и Зоиното одбивање на сите бугарски барања се покажало како нереално. Победила средната линија на царот Роман. Бугарскиот владетел ја добил царската титула, но со изрично ограничување на бугарскта територија. Стапил во семејни врски во византиската владеачка куќа, но не со легитимната [[Македонска династија]], туку со семејството Лакапин. Улогите како да се измениле: бугарскиот владетел не станал дедо и заштитник на византискиот цар, како што тоа Симеон сакал, туку византиските цареви Роман и Христофор во личноста на бугарскиот цар Петар нашле послушен и верен зет. Значајните отстапки, што Роман I, сега без надворешен притисок, им ги направил на [[Бугари]]те, создале предуслови за поволен развој на бугарско-византиските односи. Никогаш мирот на бугарско-византиската граница не бил толку ненарушен и никогаш влијанието на Византија врз Бугарија не било толку силно како во времето по договорот склучен во 927г. Во самата Бугарија, влијанието на византиската култура, кое постојано се зголемувало од нејзиното нејзиното покрстување, сега достигнало кулминација.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 323-324.</ref>
 
===Рашка===
[[Источно римско царство|Византиската]] положба зајакнала и во другите [[Јужни Словени|јужнословенски]] земји. [[Рашка|Србија]], која [[Симеон I|Симеон]] ја покорил и ја опустел, била обновена по неговата смрт под кнезот Часлав, кој побегнал од [[Прво бугарско царство|Бугарија]] и ја презел власта во својата земја, признавајќи и го суверенитетот на Византија. Михајло Захумски, Симеоновиот сојузник, сега исто така и се приближил на Византија и од [[Цариград]] ја добил, титулата антипат и патрициј. Така византиското влијание секаде се зацвртувало додека бугарското опаѓало.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 324.</ref>
== Наводи ==
{{наводи}}
{{Византија}}
{{Шаблон:Византиски владетели}}
{{Нормативна контрола}}