Владимир Полежиноски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 12:
Во [[1944]] година Полежина работи на подготовките за [[АСНОМ]], заедно со [[Методија Андонов - Ченто]], Полежина, [[Киро Глигоров]], Апостолски, како и [[Светозар Вукмановиќ - Темпо]] и многу други раководители и членови на Главниот штаб. Според сеќавањата на Киро Глигоров: „Сите работевме, но се разбира Полежина имаше големо познавање и даде голем придонес во создавањето на актите на АСНОМ.“ На Првото заседание на АСНОМ е избран во неговиот [[Президиум на АСНОМ|Президиум]], како негов втор секретар.
 
Иако Полежина ѝ бил потребен во Македонија, веќе на [[3 ноември]] [[1944]] година е разрешен од својата функција во Президиумот и е испратен на работа во [[Национален комитет за ослободување на Југославија|НКОЈ]].<ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/0B06AFA2DCBB4B42B443C52DC94D844E.pdf Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 49 стр.]</ref>

=== По војната ===
Во март [[1945]] година бил кооптиран во воена мисија на [[ФНРЈ]] во [[Франција]], а од декември 1945 година во воена мисија на Југославија во [[Германија]]. Полежина бил шеф на воената мисија на Југославија при контролното собрание за Германија, при главниот штаб на англо-американските сили во [[Франкфурт на Мајна]]. Тој тогаш бил унапреден во чин [[потполковник]] во југословенската војска.
 
Полежина како шеф на воената делегација во периодот од ноември [[1947]] година па до резолуцијата на [[Информбиро]]то во [[1948]] година, активно работел во [[Франкфурт]]. Во август 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на руската воена мисија и оттогаш почнала голготата на Полежина. Набргу тој бил повлечен од Германија и демобилизиран од војската. Паднал во голема немилост, принуден сам да се снаоѓа за да преживее со семејството.