Разлика помеѓу преработките на „Василиј I Македонецот“

с
 
===Надворешна политика===
[[Источно римско царство|Византиското]] влијание во западниот дел на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] ослабело за време на иконокластичката криза. Изгледа дека во првата половина на [[IX век]], [[Далмација|далматинските]] градови и [[Словени|словенските]] племиња во приморјето и внатрешноста ја раскинале врската со Византија. Тогаш настанала [[Рашка|српската држава]] под Властимир. Меѓутоа, на приморските области на [[Јадранско море|Јадранот]] им се заканувала нова опасност од страна на Арабјаните од [[Сицилија]], а оваа опасност можела да ја отстрани само Византија. Кога арабјанската флота, по нападот на [[Будва]] и [[Котор]], во [[867]]г. го опседнала [[Дубровник]], опседнатиот град за помош се обратил во [[Цариград]]. Доаѓањето на силна византиска флота ги принудило Арабјаните да ја дигнат опсадата, која траела цели 15 месеци, и да се повлечат во своите сицијански бази. Тоа го зацврстило византискиот авторитет и придонело за обновување на византискиот суверенитет на источниот дел на Јадранот. Секако наскоро после тоа е организирана темата [[Далмација (тема)|Далмација]], која ги опфаќала далматинските градови и острови. Далматинските градови фактички повеќе зависеле од словенската заштита отколку од Цариград. Тие им плаќале давачки на словенските племиња, додека нивните мошне скромни плаќања на царскиот стратег имале само симболичен карактер. Од друга страна, и самите тие словенски племиња ги признавале византиските врховни права и биле должни на Царството да му даваат воена помош. Византиското влијание на Балканот значително зајакнало, а тоа за последица го имало брзото ширење на [[Христијанство|христијанството]]. Тогаш Србија и српските приморски земји од Византија го примиле христијанството, па дури и во [[Хрватска]], византиското влијание го потиснало влијанието на [[Франкија]] и на римската црква. Нов и силен поттик, на крајот, добила и византиската мисионерска работа на Балканот, посебно во [[Прво бугарско царство|Бугарија]] и во [[Македонија (регион)|Македонија]], со доаѓањето на [[Св. Методиј Солунски|Методивиевите]] ученици. Со својот словенски проповед и со просветната работа, Методивиевите следбеници цврсто го втемелиле христијанството и византиската култура во јужнословеските земји. Така била воспоставена историски природната положба: додека Моравија и припаднала на [[Папска држава|римската сфера]] на влијание, јужнословенските земји дошле под влијание на Византија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 288-289. </ref>
 
Откако ги одбила арабјанските напади на далматинскиот брег и откако го ослободила Дубровник од арабјанската опсада, Византија ја пренела својата активност во јужна [[Италија]]. Василиј I намерувал против навлегувањето на сицилијанските Арабјани да преземе заедничка акција со [[Источна Франкија|германскиот]] цар и [[папа]]та, што била и главната причина за неговата пријателска политика спрема Рим. Меѓутоа, на Сицилија не било постигнато ништо. Арабјаните, напротив, во 870г. ја зазеле [[Малта]] и со тоа уште повеќе ја зацврстиле својата позиција во [[Средоземно море|Средоземното море]]. Навистина, [[Лудвиг II (Источно Франкски крал)|Лудвиг II]] во [[871]]г. го зазел [[Бари]], но за Византија, која останала со празни раце, тоа претставивало само ново разочарување. Односите меѓу византискиот и германскиот цар силно се заостриле: Василиј, кој пред тоа пристанал на брак на својот најстар син со Лудвиговата ќерка, на својот бивш сојузник сега му префрлал за нелојално држење и му го одрекувал правото на носење на титулата на [[римски цар|римскиот цар]].
 
Идните години главното внимание Византија го посветила на борбите на Исток, каде што павликијанците, крстарејќи по целата [[Мала Азија]], и задавале се поголеми грижи. Во [[872]]г. царската војска однела над нив решавачка победа, ја урнала нивната главна тврдина Тефрика и ја победила нивната војска во жестоката битка, во која паднал и Хризохир, водачот на павликијанците. Оваа победа овозможила натамошно пробивање на Византијците на Исток. Веќе во [[873]]г. Василиј се пробил во [[Еуфрат|еуфратската]] област и ги засел Запетра и Самосата. Но својата главна цел царот не ја постигнал, бидејќи при обидот да ја освои Мелитина претрпел забележлив пораз. Меѓутоа, и покрај тоа што Василиј и овој пат како и при подоцнежните походи во еуфратската и таурската област, морал да се задоволи само со делумни успеси, останува фактот дека всушност со тоа започнало систематското напредување на Византија на источната граница. Слабеењето на [[Арапски калифат|Арабјанското царство]] го овозможило и издигнувањето на [[Ерменија]]. Како византискиот цар, така и калифот, на ерменскиот владетел Ашота I му ја признале кралската титула. Во Ерменија започнала епоха на полет под династија Багратиди.
 
Во Италија, исто така, византиската позиција се подобрила. Кнезот од [[Беневенто (кнежевство)|Беневенто]] се дигнал против Лудвиг II и се ставил под византиски протекторат ([[873]]г.), а по Лудвиговата смрт и Бари му ја отворил капијата на византискиот стратег (кон крајот на 876г.). Византија успеалада ги одбие и новите нападина Арабјаните на бреговите на Далмација и [[Грција (регион)|Грција]], па привремено дури го запоседнала и [[Кипар]]. Навистина, Арабјаните и натаму имале превласт на Средоземното Море, и Византија наскоро добила силен удар на Сицилија: на 21 мај 878, по долг, огорчен отпор, паднала [[Сиракуза]]. Дотогаш поголемо значење имало јакнењето на византиските позиции на јужноиталијанското копно. Под водство на истакнатиот војсководач Никифор Фока и овде започнала силна и успешна византиска офанзива. Јужна Италија повторно дошла под византиска власт. Покрај малите, меѓусебно несложните италијански државички, Византија единствено претставувала посилен политички чинител, па дури и самиот [[Рим]], загрозен од постојаните арапски напади на италијанскиот брег, морал да побара заштита од византискиот цар. Со оваа ситуација се објаснува и попустливиот став што папството тогаш го зазело кон Византија во црковните прашања.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 289-292. </ref>
 
== Извори ==