Разлика помеѓу преработките на „Василиј I Македонецот“

с
 
===Црковни прашања===
Како повеќето [[Источно римско царство|византиски]] владетели, Василиј I многу се занимавал со црковните прашања. Неговата црковна политика во почетокот била спротивна на Вардината и [[Михаил III Пијаница|Михаиловата]]. Веднаш по доаѓањето на престолот тој го испратил [[Цариградска патријаршија|патријархот]] Фотиј во манастир и го вратил Игнатиј на патријаршискиот престол и стапил во контакт со [[Папска држава|Рим]]. Во присуство на легатот Адријан II во [[869]]/[[870|70]] бил одржан собор во [[Цариград]], кој го осудил и го кескомуницирал Фотиј. Меѓутоа меѓу царот и папските легати дошло до разидување во едно начелно важно прашање, бидејќи нивните сфаќања за јурисдикцијата на римската црква не биле истоветени: додека легатите сметале дека Фотиевото прашање било конечно решено со некогашната папина пресуда која требало само да се потврди, на царот му било до тоа прашање прашањето уште еднаш да се претресе и конечната одлука да се донесе на Цариградскиот собор со кого тој претседавал. Покрај тоа, соборот имал еден епилог на кого Рим не му се надевал. Соборските седници веќе биле заклучени кога во Цариград пристигнале пратениците на [[Прво бугарско царство|бугарскиот]] кнез. Соборот повторно се состанал и пред него е изнесено прашањето: дали [[Бугарска Православна Црква|бугарската црква]] треба да и припадне под римската или под цариградската патријаршија. Надежите што кнез [[Борис I|Борис]] ги полагал во соработка со Рим имено, не се исполниле. Врската со Рим нималку не го приближила до неговата неговата основна цел: создавање самостојна бугарска црква. Борис во два наврата предлагал кандидати за поглавар на бугарската црква, но двајцата биле одбиени од Рим. Тоа била заднината на појавата на бугарските пратеници на Цариградскиот собор и на прашањата што ги поставиле за решавање. И покрај протестите на римските легати, со арбитража на претставниците на источните патријаршии прашањето било решено, како што можело и да се очекува, во корист на на византиската црква. Византија извлекла поука од неодамнешните настани и сега се покажала попустлива: на царев налог, патријархот Игнатиј го ракоположил архиепископот на Бугарија и повеќе епископи. Бугарската црква ги признала врховните права на цариградскиот патријарх, но добила извесна автономија и во византиската хиерархија нејзиниот архиепископ зазел повисок ранг отколку другите византиски архиепископи и митрополити. Така бугарскиот кнез со вешто искористување на римско-византиското соперништво, ја постигнал својата цел, а Византија повторно за себе ја придобила Бугарија. Оттогаш, и покрај сите протести на Рим, Бугарија останала во крилото на византиската култура. Но со тоа било разнишано пријателството со Рим кон кое се стремел Василиј и за што го жртвувал Фотиј. Всушност, за задачите на Византија во [[Словени|словенските]] земји Василиј имал исти сфаќања како и Фотиј, кого го отфрлил, како и Варда, кого го убил. Борбата околу Бугарија тој ја продолжил сосема во нивниот дух и ја добил, на крајот. Ја продолжил и мисионерската дејност во [[Киевска Русија|Русија]] и работата на покрстувањето на Словените во западниот дел на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]], а според тоа и на ширење на културното и политичкото влијание на Византија во тие области.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 287-288. </ref>
 
===Надворешна политика===
[[Источно римско царство|Византиското]] влијание во западниот дел на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] ослабело за време на иконокластичката криза. Изгледа дека во првата половина на [[IX век]], [[Далмација|далматинските]] градови и [[Словени|словенските]] племиња во приморјето и внатрешноста ја раскинале врската со Византија. Тогаш настанала [[Рашка|српската држава]] под Властимир. Меѓутоа, на приморските области на [[Јадранско море|Јадранот]] им се заканувала нова опасност од страна на Арабјаните од [[Сицилија]], а оваа опасност можела да ја отстрани само Византија. Кога арабјанската флота, по нападот на [[Будва]] и [[Котор]], во [[867]]г. го опседнала [[Дубровник]], опседнатиот град за помош се обратил во [[Цариград]]. Доаѓањето на силна византиска флота ги принудило Арабјаните да ја дигнат опсадата, која траела цели 15 месеци, и да се повлечат во своите сицијански бази. Тоа го зацврстило византискиот авторитет и придонело за обновување на византискиот суверенитет на источниот дел на Јадранот. Секако наскоро после тоа е организирана темата [[Далмација (тема)|Далмација]], која ги опфаќала далматинските градови и острови. Далматинските градови фактички повеќе зависеле од словенската заштита отколку од Цариград. Тие им плаќале давачки на словенските племиња, додека нивните мошне скромни плаќања на царскиот стратег имале само симболичен карактер. Од друга страна, и самите тие словенски племиња ги признавале византиските врховни права и биле должни на Царството да му даваат воена помош. Византиското влијание на Балканот значително зајакнало, а тоа за последица го имало брзото ширење на [[Христијанство|христијанството]]. Тогаш Србија и српските приморски земји од Византија го примиле христијанството, па дури и во [[Хрватска]], византиското влијание го потиснало влијанието на [[Франкија]] и на римската црква. Нов и силен поттик, на крајот, добила и византиската мисионерска работа на Балканот, посебно во [[Прво бугарско царство|Бугарија]] и во [[Македонија (регион)|Македонија]], со доаѓањето на [[Св. Методиј Солунски|Методивиевите]] ученици. Со својот словенски проповед и со просветната работа, Методивиевите следбеници цврсто го втемелиле христијанството и византиската култура во јужнословеските земји. Така била воспоставена историски природната положба: додека Моравија и припаднала на [[Папска држава|римската сфера]] на влијание, јужнословенските земји дошле под влијание на Византија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 288-289. </ref>
 
== Извори ==