Разлика помеѓу преработките на „Бурунди“

Додаден 1 бајт ,  пред 4 години
нема опис на уредувањето
}}
 
'''Бурунди''' ({{lang-rn|Burundi}}) или официјално '''Република Бурунди''' (''Republika y'u Burundi'') е мала држава во [[Источна Африка]] без излез на море. Државата се граничи со [[Руанда]] на север, [[Танзанија]] на исток и југ и со [[Демократска Република Конго]] на запад. Бурунди има вкупна површина од 27.830 километри квадратни со население од околу 8.700.000 жители. Главен град на државата е [[Буџумбура]]. Иако нема излез на море, Бурунди излегува на езерото [[Тангањика]].
 
Уште од пред пет века, територијата на Бурунди била населена од етничките групи [[Тва]], [[Туци]] и [[Хуту]]. Преку двесте години Бурунди било владеено од [[Кралство Туци|Кралството Туци]], но на почетокот на [[20 век]], [[Германија]] и [[Белгија]] ја окупирале територијата, вклучително и [[Руанда]] и таа била позната како колонија [[Руанда-Урунди]].