Форум на Теодосиј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 24:
== Историја ==
 
Првично, форумот бил изграден од страна на [[Константин I]] и неговото име било Форум на бикови. Во [[393]] година бил преименуван според императорот [[Теодосиј I]], кој го обновил по моделот на [[форум на Трајан|форумот на Трајан]] во [[Рим]], опкружен со згради како што биле цркви и бањи<ref name="A">Иванов С. А., 2011, с. 265—268</ref>.
 
Форумот имал димензии 55х55 метри и освен статуите од императорот и неговото семејство, имало поставено и бронзена статуа од бик. Сите овие статуи биле ограбени во [[1204]] година во времето кога крстоносците го зазеле градот. Целиот комплекс исчезнал поради различни грабежи, земјотреси и слично и тоа пред [[1453]] година кога [[Османлии]]те го зазеле градот. Денеска на ова место се наоѓа улицата Диванјоглу, во близина на Бајазидовиот плоштад<ref>[http://www.byzantiumistanbul.com/eng/detay.asp?detayid=184 Forum Theodosius (Square Taurus)]{{ref-en}}</ref>.
 
== Столб ==
Ред 38:
== Триумфална капија ==
 
Мармерната триумфална капија се наоѓала на западната страна од форумот. Објектот се состоел од три сводови. Централниот бил поширок и повисок од останатите два. На врвот се наоѓале статуите на Теодосиј и неговите синови [[Аркадиј]] и [[Хонориј]]<ref name="A" />. Освен со статуи, капијата била украсена со релефи и фрагменти кои денеска се наоѓаат во археолошкиот музеј на градот.
== Наводи ==
 
{{наводи}}
== Видете исто ==
* [[Римски форум]]