Василиј I Македонецот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 13:
Василиј по потекло бил од темата [[Македонија (тема)|Македонија]] и израснал во крајна беда. Барајќи среќа, дошол во [[Цариград]] и тука благодарение на својата голема физичка сила, станал коњушар на царскиот двор. Со тоа започнало неговото необично издигнување, за кое имал да им заблагодари како на своите способности, така и на царевата ќуд. Му станал интимен пријател на [[Михаил III Пијаница|Михаил III]] и маж на неговата некогашна љубовница Евдокија Ингерина. Со железна енергија, не запирајќи се пред ништо, тој се стремел кон највисоката власт. Поради тоа дошол во судар со цезарот Варда, но Михаил III толку подлегнал на влијанието на својот љубимец што без двоумење го жртвувал вујкото. Со прелага и кривоклетство Василиј и Михаил III го намамиле големиот државник во клопка: при походот на [[Крит]], кога за време на одмор цезарот седел на престолот до својот на својот внук од сестра, василиј го нападнал од зад плеќи и го убил со сопствена рака на [[21 април]] [[866]]г. Наградата била круна на совладетел што Михаил III му ја подарил по враќањето во Цариград, на [[26 мај]] 866г. Сега Василиј добил од Михаил III се она што овој можел да му даде. Последниот чин на крвавата трагедија е забрзан со тоа што Михаил III, како што бил ќудлив и непоуздан, почнал да го менува расположението кон својот совладетел. Ноќта меѓу [[23 септември|23]] и [[24 септември]] [[867]]г., по дворската гозба, Василиј и неговите пријатели го убиле пијаниот цар во неговата ложница.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 284-285. </ref>
 
==Политика и владеење==
===Обезбедување на идната власт на своите синови===
Мрачни биле патиштата кои го довеле Василиј I (владеел од 867-886), основачот на т.н. [[Македонска династија]], на цариградскиот престол. За што поцврсто да ја врзе царската круна за своето семејство, Василиј I веќе на [[6 јануари]] [[869]]г. го крунисал за совладетел својот постар син Константин, а една година потоа и вториот син [[Лав VI Мудриот|Лав]], а околу 879г. по прераната смрт на Константин, и третиот - [[Александар III (византиски владетел)|Александар]], додека најмладиот Стефан, станал свештеник, и подоцна за време на владата на својот брат Лав VI, го зазел [[Цариградска патријаршија|патријаршискиот]] престол престол. Царевиот првенец и љубимец Константин бил син на неговата прва жена „Македонката“ Марија. Лав Александар и Стефан биле синови на Евдокија Ингерина, последните двајца се родени дури по доаѓањето на Василиј на престолот.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 286. </ref>
 
===Црковни прашања===
==Политика и владеење==
Како повеќето [[Источно римско царство|византиски]] владетели, Василиј I многу се занимавал со црковните прашања. Неговата црковна политика во почетокот била спротивна на Вардината и [[Михаил III Пијаница|Михаиловата]]. Веднаш по доаѓањето на престолот тој го испратил [[Цариградска патријаршија|патријархот]] Фотиј во манастир и го вратил Игнатиј на патријаршискиот престол и стапил во контакт со [[Папска држава|Рим]]. Во присуство на легатот Адријан II во [[869]]/[[870|70]] бил одржан собор во [[Цариград]], кој го осудил и го кескомуницирал Фотиј. Меѓутоа меѓу царот и папските легати дошло до разидување во едно начелно важно прашање, бидејќи нивните сфаќања за јурисдикцијата на римската црква не биле истоветени: додека легатите сметале дека Фотиевото прашање било конечно решено со некогашната папина пресуда која требало само да се потврди, на царот му било до тоа прашање прашањето уште еднаш да се претресе и конечната одлука да се донесе на Цариградскиот собор со кого тој претседавал. Покрај тоа, соборот имал еден епилог на кого Рим не му се надевал. Соборските седници веќе биле заклучени кога во Цариград пристигнале пратениците на [[Прво бугарско царство|бугарскиот]] кнез. Соборот повторно се состанал и пред него е изнесено прашањето: дали [[Бугарска Православна Црква|бугарската црква]] треба да и припадне под римската или под цариградската патријаршија. Надежите што кнез [[Борис I|Борис]] ги полагал во соработка со Рим имено, не се исполниле. Врската со Рим нималку не го приближила до неговата неговата основна цел: создавање самостојна бугарска црква. Борис во два наврата предлагал кандидати за поглавар на бугарската црква, но двајцата биле одбиени од Рим. Тоа била заднината на појавата на бугарските пратеници на Цариградскиот собор и на прашањата што ги поставиле за решавање. И покрај протестите на римските легати, со арбитража на претставниците на источните патријаршии прашањето било решено, како што можело и да се очекува, во корист на на византиската црква. Византија извлекла поука од неодамнешните настани и сега се покажала попустлива: на царев налог, патријархот Игнатиј го ракоположил архиепископот на Бугарија и повеќе епископи. Бугарската црква ги признала врховните права на цариградскиот патријарх, но добила извесна автономија и во византиската хиерархија нејзиниот архиепископ зазел повисок ранг отколку другите византиски архиепископи и митрополити<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 287-288. </ref>