Василиј I Македонецот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
 
==Политика и владеење==
Како повеќето [[Источно римско царство|византиски]] владетели, Василиј I многу се занимавал со црковните прашања. Неговата црковна политика во почетокот била спротивна на Вардината и [[Михаил III Пијаница|Михаиловата]]. Веднаш по доаѓањето на престолот тој го испратил [[Цариградска патријаршија|патријархот]] Фотиј во манастир и го вратил Игнатиј на патријаршискиот престол и стапил во контакт со [[Папска држава|Рим]]. Во присуство на легатот Адријан II во [[869]]/[[870|70]] бил одржан собор во [[Цариград]], кој го осудил и го кескомуницирал Фотиј. Меѓутоа меѓу царот и папските легати дошло до разидување во едно начелно важно прашање, бидејќи нивните сфаќања за јурисдикцијата на римската црква не биле истоветени: додека легатите сметале дека Фотиевото прашање било конечно решено со некогашната папина пресуда која требало само да се потврди, на царот му било до тоа прашање прашањето уште еднаш да се претресе и конечната одлука да се донесе на Цариградскиот собор со кого тој претседавал. Покрај тоа, соборот имал еден епилог на кого Рим не му се надевал. Соборските седници веќе биле заклучени кога во Цариград пристигнале пратениците на [[Прво бугарско царство|бугарскиот]] кнез. Соборот повторно се состанал и пред него е изнесено прашањето: дали [[Бугарска Православна Црква|бугарската црква]] треба да и припадне под римската или под цариградската патријаршија. Надежите што кнез [[Борис I|Борис]] ги полагал во соработка со Рим имено, не се исполниле. Врската со Рим нималку не го приближила до неговата неговата основна цел: создавање самостојна бугарска црква. Борис во два наврата предлагал кандидати за поглавар на бугарската црква, но двајцата биле одбиени од Рим. Тоа била заднината на појавата на бугарските пратеници на Цариградскиот собор и на прашањата што ги поставиле за решавање. И покрај протестите на римските легати, со арбитража на претставниците на источните патријаршии прашањето било решено, како што можело и да се очекува, во корист на на византиската црква. Византија извлекла поука од неодамнешните настани и сега се покажала попустлива: на царев налог, патријархот Игнатиј го ракоположил архиепископот на Бугарија и повеќе епископи. Бугарската црква ги признала врховните права на цариградскиот патријарх, но добила извесна автономија и во византиската хиерархија нејзиниот архиепископ зазел повисок ранг отколку другите византиски архиепископи и митрополити<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 287-288. </ref>
 
== Извори ==
<references/>