Зенон (цар): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
Тарасис бил оженет за [[Аркадија]], од цариградската аристократија<ref name="Croke_160">Croke, pp. 160–161.</ref>. Според легендата имале две ќерки, Хиларија и Таопеста, кои биле посветени на христијанскиот живот<ref>Terry G. Wilfong, ''Women of Jeme: lives in a Coptic town in late antique Egypt'', University of Michigan Press, 2002, ISBN 0-472-06612-9, p. 35.</ref>. Веројатно бил роднина на исавријския војсководец Флавиј Зенон (конзул во 448 година). Зенон и Аркадија живееле од средината на 460-те години во [[Константинопол]].
 
Императорот [[Лав I (владетел)|Лав I Тракиецот]] решил да ја зголеми улогата на исавриците како начин за спротиставување на силната фракција на [[Готи]]те<ref name="Croke_166">Croke, pp. 166–168.</ref>. Лав I го забележил Тарасикодиса, откако во ококу [[464]] година тој му покажал [[466]] документи кои го направиле [[Ардабур]], синот на војсководец [[Аспар]] осомничен дека подготвува државен удар<ref name="Croke_185">Croke, pp. 185–186.</ref>.
 
Лав го повикал Тарасикодиса во [[Константинопол]], за да го направи еден од главните војводи во борбата против [[Готи]]те. Потоа тој бил направен зет и престолонаследник на царот, оженувајќи се за царската ќерка [[Елија Аријадна]]. Во тоа време тој го променил своето име во Зенон, а по смртта на царот Лав I во јануари [[474]] година, Зенон станал соимператор на малолетниот [[Лав II (владетел)|Лав II]], негов син од [[Аријадна]] . Кога Лав II се разболел и предвремено починал при нејасни околности, само по околу девет месеци од заедничкото управување, Зенон биол прогласен за източноримскиисточноримски (византиски) император (во ноември 474 година) и покрај општото незадоволство.
 
== Управување ==
 
Во јануари 475 година [[Василиск]], брат на [[Елија Верина]] - тешта на Зенон, го узурпирал престолот со нејзина помош и Зенон бил принуден да побегне од [[Константинопол]] во [[Анадолија]]<ref name="Croke_188">Croke, pp. 188–190.</ref>. Но Василиск брзо ја изгубил популарноста во главниот град, додека Зенон ги организирал малоазиските војници против него. 20 месеци подоцна Зенон се вратил на власт, поддржан од исавријците, го соборил од власт на узурпаторот Василиск и сурово ги казнил своите противници.
 
Во времето на Зенон бил ставен крај на [[Западната Римска империја]], по соборувањето на последниот император [[Ромул Августул]]. Овој настан од повеќето историчари го одбележуваат како крајот на античката епоха.
Ред 43:
== Војна со Готите ==
 
Во управувањето на Зенон се водат многу конфликти со готските водачи во [[Мизија]] и [[Панонија]]. Балканските провинции на империјата биле жртва на постојаните упади на варварите. Уште во 474 година готскиот предводник [[Теодорик Страбон]] кренал востание и учествувал во превратот против Зенон. Подоцна царот безуспешно се обидувал да го привлече на своја страна друг готски војвода - [[Теодорик Амал]]. Според Јован Антиохиски, Зенон ги повикал Бугарите за сојузници, но мизиските Готи успеале да се заштитат од Бугарите и повторно кренале востание. Востанието продолжило до 487 година кога Зенон склучил договор со Теодорик според кој Остроготите биле испратени во војна против [[Одоакар]] во Италија, каде добиле право да се населат и да основат своја држава. Со ова, готското присуство на Балканот завршило<ref>Stephen Mitchell, ''A history of the later Roman Empire, AD 284–641: the transformation of the ancient world'', Wiley-Blackwell, 2007, ISBN 1-4051-0856-8, pp. 118–119</ref>.
 
== Внатрешни војни ==
Ред 51:
Во [[482]] година Зенон го издал едикт ''Енотикон'' (Henotikon, "Покајание") со цел да го реши спорот меѓу монофизитите и православните христијани. Во едиктот биле објавени решенијата од првите три вселенски собори, но најважното прашање за Христовата природа намерно не била засегната. Потпишувањето на "''Енотикона''" од египетскиот патријарх Акакиј станало повод за негово анатемосвање од папата Феликс. Така започнала т.н. [[Акакиева шизма]] која траела 35 година, во кој период немало никаков контакт меѓу источната и западната христијанска црква. Зенон во тоа време станал еден од најомразените императори во Константинопол, што најмногу се должело на неговото потекло и постојаните немири во власта.
 
Зенон починал на [[9 април]] [[491]] година<ref>Theophanes the Confessor, 135,31–136,5. Cited in Michael Whitby, ''The ecclesiastical history of Evagrius Scholasticus'', Liverpool University Press, 2000, ISBN 0-85323-605-4, p. 164.</ref>, веројатно како последица на епилепсија<ref>[[Evagrius Scholasticus]], 3.29.</ref>. Според легендата Зенон се разбудил три дена по погребот, но никој не посакал да одговори на плачот за помош и да ја отвори гробницата.
== Наводи ==
{{наводи}}
{{Шаблон:Византиски владетели}}