Зенон (цар): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 28:
 
Во јануари 475 година Василиск, брат на Елија Верина - тешта на Зенон, го узурпирал престолот со нејзина помош и Зенон бил принуден да побегне од Константинопол во Анадолија. Но Василиск брзо ја изгубил популарноста во главниот град, додека Зенон ги организирал малоазиските војници против него. 20 месеци подоцна Зенон се вратил на власт, поддржан од исавријците, го соборил од власт на узурпаторот Василиск и сурово ги казнил своите противници.
 
Во времето на Зенон бил ставен крај на Западната Римска империја, по соборувањето на последниот император [[Ромул Августул]]. Овој настан од повеќето историчари го одбележуваат како крајот на античката епоха.
 
Во септември 476 година, само неколку недели по второто искачување на престолот на Зенон, германскиот водач [[Одоакар]] го детонизирал на Ромул Августул во Равена. Тој имал избор или да владее преку некој император, кого би го контролирал, или да владее како клиент на византискиот цар. Одлучил формално да му ја врати царската власт на византискиот цар Зенон во Константинопол. Зенон го прогласил за воен командант (dux) на Италија и го ставил меѓу патрициите. Одоакар ковал златници во име на Зенон, со што покажувал дека ја почитува формалната власт на Византија
 
Неспособен да се меша во политиката на Одоакар, Зенон конечно го испраќа готот Теодорик против него.
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}