Маркијан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
== Први години ==
 
Маркијан имал тракиско потекло и бил син на некој војник кој служел на империјата. Влегол во армијата како млад човек и ја започнал својата кариера како обичен маринец. Поголемиот дел од својот живот го поминал во походи и војни<ref>[[Евагриј Схоластик|Евагриј]]: 2; 1</ref>. За време на Персиската војна од 420-422 година служел во източноримската армија под команда на [[Ардабур]]. Подоцна, во 443 година учествувал во походот на [[Аспар]] во [[Африка]] каде бил заробен од страна на Вандалите, но бил пуштен од самиот крал Гејзерик кој, како што гласи преданието, прв претскажал дека Маркијан еден ден ќе стане император. Во замена, Маркијан се согласил никогаш повеќе да не војува против Вандалите.
 
Во следните години, Маркијан станал генерал, по кое добил ранг на сенатор и станал началник на императорската стража на Теодосиј II. Кога императорот Теодосиј II починал, неговата сестра Пулхерија додека уште никој не знаел за смртта на царот, го повикала Маркијан и му рекла: «Бидејќи императорот почина, тогаш јас те избирам тебе, како најголем достојник од сите. Дај ми збор дека ќе ја почитуваш мојата девственост која сум ја ветила на Бога, а јас ќе те прогласам за император. Маркијан се согласил со зборовите на Пулхерија по кое патријархот го прогласил за нов император на земјата <ref>[[Теофан Исповедник]]: 443</ref>. Потоа тој стапил во брак со Пулхерија, но не ја познал како жена<ref>[[Евагриј Схоластик|Евагриј]]: 2; 1</ref>. По нивната смрт, тие се прогласени за светци од православната црква.
 
== Управување ==
[[Слика:20111224 Flavius Marcianus Augustus Column Fatih Istanbul Turkey.jpg|мини|right|180px|[[Столб на Маркијан|Столбот на Маркијан]] во [[Константинопол]]]]
 
Маркијан бил умен човек но со слабо образование. Сепак негово управување се карактеризира со зајакнување на империјата како во економски, така и во воено-политички план, како последица на економските и финансиски реформи спроведени од него. Во негово време бил егзекутиран влијателниот дворски евнух Хрисафиј чии интриги биле толерирани од Теодосиј.
 
Ред 27:
Во текот на неговото владеење исто така била заштитена границата на империјата од надворешни непријатели. Во 452 година биле одбиени нападите на Персија против провинциите Сирија и Египет. Изгаснати биле и немирите на ерменската граница во 456 година.
 
Кога во 450 година [[Атила]] го побарал годишниот данок од императорот, Маркијан одговорил дека не е должен да го плаќа ветеното од неговиот претходник и дека "''златото е за пријатели, а железото за непријателите''". Атила некое време се двоумел со кого понапред да започне војна - со [[Рим]] или [[Цариград]]. Конечно сепак решил прво да ја нападне Западната империја и само предвремената неговата смрт во 453 година спречила да се одмазди на Маркијан<ref>[[Приск]]: 12</ref>..
 
Византискиот император не презел ништо во одговор на кампањите на Атила и останал верен на ветувањето дадено во младоста, тој не кренал меч против Вандалите кои во текот 455 година го зазеле. Во последно време, сепак се појавуваат сомнежи дека Маркијан имал преземено активно учество во помагање на [[Западната Римска империја]], а дел од историчарите пак сметаат дека имал и улога во смртта на Атила<ref>Babcock, Michael A., ''The Night Attila Died: Solving the Murder of Attila the Hun'', Berkley Books, 2005.</ref>.
 
Маркијан починал во 457 година и бил погребал во Црквата на Светите Апостоли во престолнината. Источното православие го слави празникот на Светите Маркијан и Пулхерија на 17 февруари.
 
==Надворешни врски==
*[http://www.roman-emperors.org/marcian.htm Marcian (450-457 A.D.)] ''DIR - An Online Encyclopedia of Roman Emperors''
*[http://en.wikisource.org/wiki/Catholic_Encyclopedia_%281913%29/Marcian Marcian] ''Catholic Encyclopedia (1913)''
{{Шаблон:Римски императори}}